Потпечени тестенини со пилешки гради
[fblike]
Тестенините одлично одат со месо, а особено кога тоа се потпечени тестенини со пилешки гради.
Состојки:
Тестенини (макарони) – 200 гр.
Пилешки гради – 450 гр.
Зелена пиперка – 1
Црвена пиперка – 1
Пасиран домат – 600 мл.
Моцарела – 1 шолја
Пармезан – 1/4 шолја
Маслиново масло – 1,5 лажица
Инструкции:
Чекор 1:
Загрејте ја рерната на 180 степени и во меѓувреме сварете ги тестенините.
Чекор 2:
Пропржете го пилешкото месо во поголем сад на среден оган. По две минути додадете ги пиперките и пржете уште три минути. Вмешајте го сосот и варете околу десет минути додека пиперките не омекнат, а пилешкото добие златна боја. Додадете ја моцарелата и мешајте една минута.
Чекор 3:
Исцедете ги тестенините и во нив додадете го сосот со пилешко. Ставете пола од смесата во огноотпорен сад. Ставете врз неа изрендан пармезан и потоа покријте ја со остатокот од тестенините. Печете околу 20 минути.
Чекор 4:
Пред да го сервирате јадењето зачинете го со малку исечкан власец, млад кромид, босилек или магдонос.
Посетено 1.361 пати