БИЛЈАНА ЦРВЕНКОСКА
За поголемиот број луѓе, недела е ден за одмор. За мене многу често е ден секогаш исполнет со обврски. Денес имам натпревар од регионалната лига против екипата на Подравка, а многу често се случува да имам натпревар и од лигата на шампионите. Понекогаш кога немам никакви обврски сакам да го поминам денот за дружење со пријателите или ако е ден после натпревар да го преседам дома гледајќи телевизија.
Но како и да е кога ќе влезам на натпревар и ќе ги погледнам трибините полни со обожаватели на спортот се исполнувам и сфаќам дека вреди секој ден да се жртвува за тоа задоволство.
Посетено 1.417 пати