Вие сте совршено несовршени

vie-ste-sovrseno-nesovrseni-1
Не постои совршенство, веќе ја знаете оваа реченица, но зошто тогаш се уште се трудите да бидете совршени?

Секој има свои недостатоци кои го прават поразличен од другите, не е важно ако тие недостатоци се негативни или позитивни, прифатете дека се ваши и уживајте во нивните предности.

Исфрлете го чувството на незадоволство од самите себеси на лесен начин.

Вие сте уникатни, нема потреба да се менувате, прифатете се какви што сте и сакајте се, само така ќе бидете среќни самите со себе.

И покрај вашите мани и недостатоци, сигурно може да се сетите на барем 5 личности кои се секогаш тука за вас и ве имаат прифатено како личност која им значи во животот и покрај се.

Вие сте различни, вашето несовршенство ве прави совршени, запомнете го тоа.

Никогаш, ама никогаш не се правете нешто што не сте.

Зошто да носите маска прикривајќи ги вашите недостатоци со која ќе ги импресионирате луѓето околу вас на кратко, кога наместо тоа можете да ги истакнувате вашите недостатоци.

Живајте во вашата несовршеност и бидете среќни, бидејќи не постои ниедна личност на оваа земја слична на вас, вие сте уникатни!

Дали и вие сте несовршени?

Одговорот е сигурно да, а тоа е супер!

Гледајте ја позититивната страна, никој не е совршен, а вие се вклопувате во општеството со својата несовршеност.

Со истакнување на вашите недостатоци, се истакнувате себеси во вистинско светло и признавате дека сте само човек кој се труди да биде среќен без разлика на се.

Исто така голема е веројатноста доколку ги истакнувате вашите недостатоци, со време истите да станат ваши јаки страни.

Со други зборови, позитивни карактеристики по кои сите ќе ве препознаваат и ќе ви се восхитуваат.

Затоа бидете совршено несовршени и охрабрувајте ги останатите околу вас да се сакаат такви какви што се навистина.

Посетено 1.062 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!