Кога некој ќе ти пререче за сторена добрина, прави лошо
Сите сме биле во ситуација кога ни е потребна помош, услуга, добар збор, совет или едноставно некој кој ќе биде тука до нас за да се исплачеме на неговото рамо.
[fblike]
Но, исто така сите сме биле и во ситуација кога сето ова добро кое сме го добиле од блиските пријатели/ роднини/ партнери ни било преречено.
Преречено во смисла – “Јас ти помогнав, јас ти направив услуга, јас ти давав совети, јас бев тука кога ти требав најмногу.”
Нема полошо и поразочарувачко чувство од чувството да ти пререче некој за сторено добро, бидејќи откако ќе го направи тоа, прави лошо.
Го заладува вашиот однос, ја затвора вашата отвореност кон него, едноставно во вашите очи тој е глупав човек кој не знае дека добрината која си ја направил доколку ја чуваш во себе и не се фалиш дека си ја направил, дупло ќе ти се врати.
Кармата е страшна работа, како што веќе знаете, таа враќа за добро и за лошо, никогаш не остава нерасчистени сметки.
Затоа запомнете, доколку помогнете некому, чувајте го тоа за себе и оставете таа добрина да ве направи поголем човек.
Не помагајте само за да се чувствувате човечно или да очекувате нешто за возврат бидејќи верувајте тогаш не сте човек и нема да добиете ништо.
Добрината е давање и не очекување ништо за возврат, во тоа лежи неговата убавина.
Прави добро и добро ќе те снајде, не фали се за тоа, господ ќе те пофали сам.
Доколку се пофалиш или му преречеш некому за помош која си му ја пружил кога му било најтешко, ПОВЕЌЕ НЕ ТИ СЕ ВАЖИ, ИСТО КАКО ДА НЕ СИ НАПРАВИЛ НИШТО.
Тие на кои ви било преречено нешто, не чувствувајте се должни кон луѓето кои ви помогнале, бидејќи штом ви пререкле исто како да не направиле ништо, исто како да извршиле физиолошка потреба врз убава торта на чиј врв требало да стои цреша, а сега стои нешто друго.
Вие кои пререкувате пак, засрамете се од себеси бидејќи штом сте од оние типови на луѓе кои прават добрина за да бидат забележани или пофалени, никогаш нема да бидат вистински сакани, ќе останат незабележани и неважни.
Ете поради тоа доколку преречете за сторена добрина, правите лошо, а доколку си чувате во себе и оставате таа духовно да ве исполни ќе бидете секогаш среќни и задоволни што сте помогнале некому.
Посетено 3.225 пати