5 причини зошто пријателите кои се претставуваат како жртви се штетни за вашиот живот
Тие немаат морални вредности. Доколку таквите личности ги нарекувате ваши пријатели, време е да застанете и да размислите за пријателствата кои ги создавете во текот на животот.
Пријател кој секогаш има проблеми со девојката или дечкото
Помисливте дрека конечно ќе ги сфатат своите грешки и ќе научат нешто од нив, или ќе се обидат да ги поправат или да стават крај- но не. Тие само ви ја полнат главата со нивните проблеми.
Почнуваат да звучат како расипана плоча и единственото нешто што можете да го направите за да се справите со ситуацијата е да ги изнесете на ручек- за да престанат да зборуваат малку или на пијачка- за да сами си ја ублажите болката.
На крајот, ќе подразмислите и ќе заклучите дека овие личности имаат проблеми бидејќи уживаат во тоа. Или пак, уживаат кога имаат нешто за што да се пожалат.
Доколку се наоѓате во лоша врска, бидејќи самите сте избрале така, тогаш вие не сте жртва. Вие сте морон- а тоа е различно, нели? Вие само сакате да се преправете дека сте жртви, а со тоа само внесувате негативна енергија во животите на вашите пријатели.
Пријател кој секогаш има некаков проблем
Животот е добар бидејќи секогаш ни дава причини за кои можеме да се пожалиме. Ако не е за ова, тогаш е за нешто друго. Никогаш не ни недостасуваат причини за да се пожалиме, но тоа не значи дека секогаш мораме да се жалиме.
Секогаш постои нешто што не оди на добро. Секогаш ќе постојат денови кога има нешто важно за што треба да се пожалиме, како на пример кога сме го изгубиле работното место или пак саканата личност.
Но сепак, понекогаш се жалиме и за безначајни работи, во случаевите кога не можеме да ги најдеме клучевите од автомобилот или пак кога ќе ни снема тоалетна хартија.
Секогаш ќе постои нешто за што можете да се пожалите, но тоа што се преправате дека сте жртви нема да ве одведе никаде. Буквално, нема никаква поента во тоа, само ја префрлате вината на некој друг и уживате во нивното сожалување спрема вас.
Пријател кој постојано се фали
“Имав навистина тежок ден… девојката ме држеше буден цела ноќ, се успав, потоа на брзина станав, моето Ферари немаше доволно гориво и поради тоа што пристигнав доцна на работа не успеав да ја склучам мулти- милионската зделка- токму таа е причината зошто сега сум неверојатно уморен.”
Ако имате пријатели кои се претставуваат како жртви само за да се пофалат за нивниот неверојатен живот, подобро е да побарате нови пријатели.
Фалењето понекогаш знае да биде агресивен начин на претставување на нешто. Тоа е само нивната замислената супериорност над другите. Вашиот пријател мисли дека е подобар од вас и сака да ви укаже на тоа.
Но… ваквите пријатели не сакаат да знаат дека вие знаете оти тие знаат дека знаете дека тие веруваат дека се супериорни во однос на вас.
Пријател кој никогаш нема да порасне и се колни дека тое не е негова вина
Тие никогаш не прават ништо со своите животи, само поради тоа што немаат контрола врз работите кои се случуваат. Дали некогаш во животот сте слушнале ваква бесмислена лага?
Додека сеуште сме млади, оправдан е фактот што не можеме да ја сфатиме контролата која можеме да ја имаме врз своите животи, но не и подоцна.
Ако имате пријатели кои секогаш успеваат да најдат некои иновативни изговори зошто не можат да си го променат животот, зошто не можат да израснат во личности какви што посакуваат да бидат, најдобро е да ги напуштите.
Тие никогаш нема да се потрудат за ништо ако знаат дека вие ги прифаќате како жртви и поради тоа што вие постојано ги поддржувате нема да успеете да го искористите вашиот потенцијал.
Пријателите кои веруваат дека животот ги изневерил, а всушност тие го изневериле него
Повеќето од луѓето не успеваат во животот. Можеби ова не е токму тоа што би сакале да го слушнете, но таква е реалноста.
Животот е тежок. За некои личности е потежок од останатите. Мислите и емоциите се сосема релативна работа, па така понекогаш дури и банални работи можат да предизвикаат болка.
Станува збор за личностите кои не можат да сфатат дека се жртви на самите себе. Скоро никогаш не успеваат да сфатат дека самите се причината за нивната пропаст. Се борат со нешто што не можат да го видат, бидејќи ако можат да го видат веднаш би престанале.
За жал, преправањето во жртви е нивни избор. Си наштетуваат самите на себе, а не се ниту свесни за тоа.Ако сакате лесно да си поминете во животот, тогаш треба постојано да се претставувате дека сте жртви.
Повеќето луѓе би се преправале дека се жртви само повремено, но има и такви кои го прават тоа толку често што дури и самите почнуваат да веруваат дека се жртви.
Постојат безброј жртви кои потполно се во право кога се претставуваат како жртви, но алармантно се зголемува бројот и на оние кои само сакаат да имаат некаква корист од тоа што се жртви. Вие дури не можете ниту да претпоставите дека тие само глумат.
Еве еден едноставен пример- колкумина од вас имаат пријател кој повредата од пред скоро цела деценија ја користи како изговор за да не вежба. Јас познавам најмалку двајца такви.
Ваквата ситуација не може да ви наштети. Но, постојат и личности кои се претставуваат како жртви на поинаков начин. Тие луѓе морате да ги избегнувате по секоја цена.