Како се лаже успешно?

Можеби на лагата и се кратки нозете, но затоа жените носат штикли, а мажите дури и веруваат во сопствените лаги. И покрај тоа лажењето не е убаво, но доколку немате друг избор и мора да ја прикриете вистината, еве како тоа да го направите успешно и незабележително.


Гледајте го соговорникот во очи

Секогаш гледајте го тој што го лажете во очи и не го тргнувајте погледот. Така влевате доверба и оставате слика на доверлива и искрена личност.


Не давајте опширни објаснувања

Бидете кратки и јасни во својата лага. Не давајте опширни објаснувања бидејќи тоа ќе изгледа на правсање, а вие нема за што да се правдате ако ја кажувате вистната, нели?


Конторлирајте го говорот на телото

Смирете ги рацете и нозете, не дозволувајте да се испотат или да почнат да шетаат по вашето лице или коса. Според некои истражувачи допирањето на лицето и косата се знак дека личноста лаже.

Исто така кога зборувате, не си ги облизнувајте усните. Се сеќавате што коментирате за полотичарите кога тие го прават истото на телевизија? Не оставајте простор за сомнеж правејќи го ова.


Смислете што ќе кажете претходно

За да излажете успешно, секогаш треба да смислите претходно сценарио и да се потрудите да бидете најдобар актер во вашиот филм.


Допирајте дискретно

Допирот секогаш има ефект, ќе го збуни вашиот соговорник и тој нема да внимава на вашите зборови.


Како лажете вие?

Посетено 4.771 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!