Ти си мојот ладен туш!
Само ти можеш за момент да ми го застанеш срцето и во истиот момент повторно да го вратиш во живот, пулсирајќи во ритамот на твоето издишување.
Само ти можеш да ми предизвикаш морници по цело тело, дури и кога е жешко, да ме замрзниш, а потоа повторно да ме стопиш во твоите прегратки.
Само ти знаеш каде да ме допреш за да се скршам, паѓајќи во твоите раце.
Но, не си никогаш тука за да ме задржеш кога паѓам…
Ги тргаш рацете и јас завршувам на земја, гледајќи те од дното како се двоумиш дали да ме дофатиш со работ на срцето или не.
Како ладен туш тогаш ме удира млазот на твојата не(љубов) кон мене и сфаќам, можеби навистина сето она убавото можеш да го направиш само ти, но само ти исто така можеш да ме направиш да се почувствувам како ѓубре фрлено на асфалт.
Само ти можеш да ме направиш да се почувствувам недоволно добра, знаејќи дека сум најдобра, само ти можеш да ми ја снижиш вредноста, знаејќи дека е повисока од твојата, само ти можеш да ја убиеш љубовта во мене, знаејќи дека во тебе одамна умрела.
Само ти можеш да ме направиш да се тресам толку лошо како да сум влегла под ладен туш, а сум очекувала топла вода, само ти можеш да се лизгаш низ моето тело толку ладно, да ми ја замрзнуваш крвта во вените.
На крај успеа да ми го замрзнеш и срцето…
Во тие моменти ја истрпувам таа моментална болка на ладното, отрпнувам и сфаќам дека ти си мојот ладен туш, под кој повеќе никогаш нема да застанам, макар сум се чувствувала и највалкана