Филмската Дива На Плакат За 68. Филмски Фестивал Во Кан
[fblike] Легендарната Ингрид Бергман
Денес беше најавен еден од најважните кинематографски
настани во форма на плакат кој го краси музата на
Алфред Хичкок и Роберто Роселини,
филмска ѕвезда Ингрид Бергман
Овогодинешниот филмски фестивал во Кан ќе се одржи од 13.-24. мај. Францускиот Азурен брег ќе го красат плакати со ликот на една од најголемите филмски ѕвезди и иконата на слободата на жените, кој оваа година би го прослави својот 100-ти роденден.
“Моето семејство и јас сме длабоко допрени од одлуката на администрацијата на Канскиот филмски фестивал, кој по повод 100 годишнината од раѓањето на мојата мајка, ја одбра токму неа како заштитно лице на фестивалот”, рече Изабела Роселини. “Мама ја обожуваше глумата: за неа тоа беше игра, повик, а не е работа”. Изабела Роселини вели дека нејзината мајка, Ингрид Бергман, не ја избра глумата, туку глумата ја избра неа.
Автори на плакатот се уметникот Hervé Chigioni, кој го изработи плакатот за минатогодишното издание на фестивалот, и графички дизајнер Gilles Frappier.
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=uoLzAj0WmO0[/youtube]
Посетено 276 пати