15 Брачни Завети На Кои Треба Да Се Обврзат Партнерите Од Денешницата
_________________________________________________________________________________________________________________________
Брачните завети треба да бидат иполнети со значење. Тие треба да бидат искрени и разбирливи.
На таков значаен ден во вашиот живот, како што е вашата свадба, треба да сте сигурни дека зборовите кои ги изговарате навистина ви значат и на двајцата, дека тоа се зборови кои доаѓаат од вашето срце и вашиот ум.
Секакои зборовите се само зборови, но зошто да кажувате излитени фрази од некоја детска бајка, зошто да не го кажете она што го мислите?
Моментот кога го започнувате вашиот заеднички живот е погодно време да поставите неколку правила и да си дадете ветувања кои можете да ги исполните.
Вистинско време е на вашиот иден сопруг/ сопруга да му/ и покажете колку го/ ја сакате.
Ветувам дека ќе се жалам само кога тоа ќе биде неопходно
Ќе се потрудам да не правам непотребен неред. Работите за кои се караат повеќето партнери се беззначајни и единствено предизвикуваат проблеми, кои би можело да се избегнат.
Ако нешто навистина ми пречи, тогаш ќе ти кажам.
Ветувам дека никогаш нема да дозволам да се прашуваш како се чувствувам или што мислам
Ветувам дека зборовите ќе излегуваат директно од мојот ум и ќе направам се за да не те навредам и да не направам да се почувствуваш непријатно.
Јас знам дека ти не умееш да читаш мисли, а нема ни да го дозволам тоа.
Ветувам дека ниукогаш нема да ја повредам твојата доверба, но ќе те лажам доколку само така можам да те насмеам
Никогаш нема да те повредам. Луѓето велат дека сите правиме грешки, но дали навистина е тоа грешка доколку сте знаеле за тоа пред да ја направите.
Ќе бидам искрен кон тебе и секогаш ќе ти кажувам колку убаво изгледаш, без оглед на твојот надворешен изглед.
Ветувам дека секогаш ќе ги исполнувам моите задолженија
Нема да бидам мрзелив. Нашиот дом е само наш дом, и двајцата треба да се потрудиме да го оджуваме и да направиме навистина да се чувствуваме како дома.
Ветувам дека кон тебе ќе се однесувам како кон принцеза
Бидејќи за мене, ти навистина си тоа. За мене ти си целиот свет. Дури и ако ти го заборавиш тоа, ветувам дека јас секогаш ќе бидам покрај тебе за да те потсетам. Делата се погласни од зборовите, но јас ќе ги употребувам и двете, за секој случај.
Ветувам дека ќе те натерам да се вљубиш во мене одново и одново, секогаш кога ќе добијам шанса
Ќе ја оддржам романтиката, бидејќи ти го заслужуваш тоа, ние го заслужуваме тоа. Посакувам секогаш да ме сакаш како што ме сакаш сега и секој ден е нова можност да те потсетам дека јас сум твојата сродна душа.
Ветувам дека целосно ќе ти се предадам
Јас сум твој, само твој. Сакам да ја познаваш мојата внатрешна личност. Ветувам дека никогаш нема да постои далечина меѓу нас, бидејќи тоа не е возвможно, ние сме едно.
Не ми е потребен простор, бидејќи веќе го имам целиот простор кој ми е неопходен. Благодарение на тебе, јас можам да дишам.
Ветувам дека ќе бидам прекрасен родител и пример за нашите деца
Ќе се будам среде ноќ за да менувам пелени, да пеам приспивни песнички или да читам приказни за ти да можеш да се одмориш.
Ќе бидам пример за нашите деца и сигурен сум дека тие ќе израснат во прекрасни, самоуверени, силни, внимателни, способни и интелегентни личности- исто како тебе.
Ветувам дека ќе правам компромиси
Многу малку ми е потребно покрај тебе. Ако е потребно да правам компромиси, тогаш ќе го направам тоа.
Да бидам искрен, не сум загрижен дека ќе морам да се откажам од нешто поради тебе, бидејќи ти никогаш не би ме натерала да се откажам од нештата кои ги сакам. Ако се откажам од работите кои не ги сакам, тогаш само ќе ми направиш услуга.
Ветувам дека заедно како тим ќе извојуваме многу битки
Доколку се почувствуваш слаба, јас секогаш ќе бидам тука да ги предводам битките место тебе. Ќе ти помагам со одговорностите, а твоите проблеми ќе станат и мои.
Ветувам дека секогаш ќе слушам што имаш да кажеш
Никогаш нема да ти понудам мислење или совет доколку ти не го побарташ тоа. Знам дека поголем дел од времето посакуваш само да те ислушам и јас ќе те слушам бидејќи навистина ми значи твоето мислење и она што имаш да го кажеш.
Ветувам дека никогаш нема да те напуштам
Никогаш нема да те оставам. Никогаш нема да се откажам од нас и ќе се борам до последната капка крв за да те задржам до себе. Никогаш не ни помислував дека можам да сакам некој онака како што те сакам тебе. Ако те изгубам тебе, ќе се изгубам и самиот себе.
Ветувам дека никогаш нема да те спречувам во остварувањето на твоите цели и никогаш нема да ти дозволам сама да се откажеш од истите
Ние сме партнери, тим. А сепак сме двајца индивидуалци. Нашите патувања се движат паралелно, но не мора секогаш да бидат синхронизирани. Ветувам дека никогаш нема да престанам да ги следам моите соништа, ниту пак да те спречам ти да ги следиш твоите.
Ветувам дека постојано ќе се трудам за да станам подобра личност
Никогаш нема да престанам да се трудам, бидејќи сакам нашите животи да бидат возбудливи и фасцинантни.
Јас не сакам просечен живот, јас го сакам најдоброто за тебе и знам дека тоа започнува со напорна работа за подобрување на самите себе.
Ветувам дека ќе ти го посветам целиот живот и ќе бидам покрај тебе се до последниот здив
Ќе бидам со тебе и во добро и во лошо. И што е најважно, сакам да бидеме еден покрај друг се до крајот. Да се потсетиме за неверојатниот живот кој го создадовме заедно.
Посетено 3.679 пати