Ја Сфаќаме ли Новата Порака На Банкси?
[fblike]Уметнички активизам во Газа
Банкси со својата уметност одлучи да ја обои Газа
со цел да привлече внимание на регионот со вечниот
политички конфликт. Со новата серија на графити и
потресното видео во форма на лажна туристичка реклама
Банкси сака да го анимира западот и да ја подигне
свеста за социјалната и политича неправда
Најпознатиот светски анонимен уметник Банкси со неговата работа повторно ја подигнува свеста за социјалната и политичка неправда. Во најновиот проект, Банкси оди во Газа, вооружен со шаблони и спрееви во боја за да привлече внимание на мрачната секојдневница на регионот во кој владее вечниот судир.
Неговите графити се издвојува меѓу урнатините на улиците на Газа и недвосмислено ја пренесуваат атмосферата на беда, мизерија , јад и угнетувањето што ја загадува областа. Во прилог на улична уметност Банкси сними и видео со остра сатира на црн хумор, кое го имитира туристичкиот пропаганден материјал.
Во продолжение да погледнеме за што станува збор.
Посетено 471 пати