100 Работи Кои Треба Да Ги Воочите Во Новата Година

100 raboti_majkatiitatkoti

Секоја нова година ветуваме дека ќе направиме значајни промени во нашите животи за следните 365 дена што ни претстојат. Сите имаме свои ветувања или пак листа со ветувања- и покрај тоа што е запишана само во нашите умови.
Воведувањето на промени- промени кои ќе траат- не е едноставна задача бидејќи не се бара од нас само да дејствуваме на поинаков начин туку и да го промениме нашиот начин на размислување. Но, како ќе го промените начинот на размислување ако претходно не разберете што всушност е тоа?
Токму поради тоа, препорачувам дека треба да ги запишувате вашите реализации и теории во врска со се што ви се случува и што не ви се случува во животот.
Седнете и направете убава долга листа со ваши верувања со што ќе си овозможите, кога подоцна ќе седнете да ја прегледате, подобро да го разберете вашиот поглед на светот.
Ова е мојата листа од 100 верувања која сакам да ја споделам со вас. Се надевам дека ќе блесне и некоја ваша идеја.

 

1. Кавалерството ќе биде мртво само ако вие му дозволите да умре.
2. Најважните моменти во животот немаат реприза. Затоа направете ги правилно првиот пат.
3. Не треба да излегувате со некој само затоа што треба да излегувате.
4. Начинот на кој вие го гледате светот е ваша лична верзија- никој друг не ја дели истата таа верзија или реалност.
5. Невозможно е да не успеете ако одбиете да се откажете.
6. Често донесуваме погрешни одлуки кои не водат на вистинското место.
7. Доколку животот ви е лесен, тогаш не се трудите доволно.
8. ‘Единствената’ постои, но наоколу ги има повеќе од само една.
9. Ако продолжите да испраќате разголени фотографии, нема причина зошто би сакале да ве видат голи во живо
10. Ако бројот на луѓе во твојот живот не се зголемува, тогаш тие се оддалечуваат од вашиот живот.
11. Секогаш има опортунитетни трошоци- не можете да имате се.
12. Здравјето секогаш нека ви биде приоритет.
13. Интелигенцијата може да се купи, и тоа многу поефтино од универзитетското образование.
14. Америка не е повеќе најдобрата земја во светот- барем не ако сме објективни.
15. Религијате е истовремено најголемото добро и најголемото зло во светот.
16. Твојата религија не е ниту подобра ниту по праведна од било која друга. Тоа е само поинаква верзија на истата теорија.
17. Човечките суштества не се ништо подобри од животните. Само сме попаметни, во тоа е разликата.
18. Луѓето генерално ги прави воспитувањето, а не природата.
19. Секогаш постои и друг начин за да се заврши истата работа.
20. Сексот е нешто убаво, но нема да биде убаво само по себе..
21. Најголем дел од храната која ја јадеме не ни заслужува да биде етикетирана како храна.
22. Лесно можете да преживеете ако пиете само вода во остатокот од животот.
23. Праксата е факторот кој прави разлика помеѓу тоа да се биде среќен и да се биде несреќен.
24. Животот би ви бил многу подобар ако се фокусирате на денешните активности кои ќе направат да се чувствувате многу подобро утре.
25. Едноставноста е клучна работа… за се.
26. Наједноставниот одговор е најприфатлив одговор само ако вистински го решава проблемот.
27. Ако ги сакате, кажете им. Огромен број на луѓе ја немаат таа шанса.
28. Пушењето трева нема да те убие, но многу лесно може да ти го уништи животот.
29. Само поради тоа што не е легално не значи дека е и погрешно.
30. Само поради тоа што е легално не значи дека е и правилно, ниту пак повеќе прифатливо.
31. Насилството само потпомага за ширење на омразата.
32. Убивањето или осакатувањето, дури и кога наводно има огромна причина, е речиси секогаш себичен акт.
33. Понекогаш, светот во кој сме родени не претвора во чудовишта на денешницата. Како и да е, ова не е изговор, ова е само објаснување.
34. Секогаш може да се направат промени. Иако не можеме од пореток да ја започнеме приказната, секогаш можеме да го смениме нејзиниот тек и крај.
35. Понекогаш, вие сте проблемот.
36. Полека ја уништуваме планетата и голема е веројатноста дека ситуацијата ќе се влоши во значајна мера.
37. Медиумите се бизнис кој продава она што продава во форма во која верува дека најмногу ќе се продава.
38. Ако чувствувате потреба да се фалите, веројатно немате ништо вредно со што да се фалите.
39. Ако сакате да успеете во животот, треба да работите на тоа.
40. Ако сите ве сакаат, тогаш не работите правилно.
41. Веројатноста е поголема за 10 пати дека луѓето ќе ви остават негативни коментари или негативна повратна информација отколку позитивна- ова важи за се во животот.
42. Секој има свое мислење. Запомнете дека мислењето е само мислење, а не факт.
43. Воведувањето на промени- промени кои ќе траат- не е едноставна задача бидејќи не се бара од нас само да дејствуваме на поинаков начин туку и да го промениме нашиот начин на размислување. Голем дел од она за што сега веруваме дека е правилно, ќе се покаже дека е погрешно во следните 50 години.
44. Постојат работи како што е добар телевизор, иако, за жал, поголемиот дел е ѓубре.
45. Читањето на една книга месечно може да ви го промени животот.
46. Ако не знаете, прашајте.
47. Убаво е да се биде најпаметен во просторијата, но уште поубаво е да сте во простори каде секогаш има простор за личен напредок.
48. На грубо, потребни се 10 000 часа и 10 години за да совладате нешто. Дури и великаните не можеле да создадат ремек-дело за помалку од 9 години.
49. Во ред е да бидете носталгични одвреме- навреме.
50. Повеќето од нештата кои се создадени или изведени насекаде низ светот- на лично и на бизнис ниво- се направени неефикасно, што значи дека секогаш има простор за подобрување.
51. Треба да работите напорно и паметно ако сакате да успеете.
52. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да постигнете нешто.
53. За некои работи едноставно треба време.
54. Промената на светот започнува од промената на начинот на кој вие гледате на светот.
55. Лидерите се раѓаат. Најдобрите лидери се создаваат.
56. Животот од вашите соништа е речиси со сигурност помалку скап од тоа што вие мислите.
57. Повеќето луѓе ги минуваат своите животи работејќи само за да на крај се пензионираат и да прават се она што дотогаш не можеле.
58. Животот треба да се потроши на создавања и подобрувања.
59. Ако сакате да бидете запаметени, тогаш треба да бидете значајни.
60. Романтичната љубов е силна и возбудлива, додека пак вистинската љубов е многу помалку турбулентна и многу подлабока.
61. Повеќето луѓе не се сосема нелогични, тие само ги засноваат своите размислувања на заблуди и плитки истражувања.
62. Да се биде слободен не значи да се прави се што ќе се посака…
63. Тоа значи да се направи напредок кон подобар живот најбеспрекорно што можете.
64. Повеќето луѓе не се корумпирани, но некои се.
65. Запрете ги стереотипите.
66. Животот ќе ви биде полесен ако се фокусирате на неколку аспекти, а останатите ги занемарите.
67. Не постои талент. Секако, можете да бидете посклони да приберете или да научите некои информации подобро на даден начин во однос на друг, но никој не се раѓа како талентиран сликар, тркач, доктор, писател, оратор.
68. Многу животни знаат да сакаат, што значи дека имаат способност да искажуваат чувства слично како и човечките суштества- истовремено болни и пријатни. Тоа е наука.
69. Ако не можете да се забавувате без да пиете, тогаш имате проблеми со пиењето.
70. Повеќето жени веројатно заслужуваат не само да заработуваат исто како и мажите, туку и повеќе.
71. Алармантен број на луѓе не знаат да дефинираат што е тоа мизогинија и покрај тоа што реовно го користат овој термин.
72. Само поради тоа што еден маж има мислење за некоја жена не значи дека е мизогинист. Тоа не е дефениција за мизогинија.
73. Многу момци се серковци- но не се сите лоши. Можеби треба време за да им ги елиминирате маните, но вреди да се чека.
74. Ако животот ви нуди лимони, побарајте текила.
75. Ако нешто посакувате премногу, тогаш ќе го добиете. Ако пак не го добиете, тогаш значи дека едноставно не сте го посакувале доволно, барем не сеуште.
76. Нема ништо полошо од пропуштена шанса. Ако еднаш ја испуштите, осигурете се дека тоа ви се случува последен пат.
77. Ако не потскокнете, никогаш нема да научите да летате.
78. Љубовната врска е работа со полно работно време. Ако премногу се влечкате ќе бидете отпуштени.
79. Голем број на луѓе не успеваат да ги пронајдат своите сродни души- но не дозволувајте ова да ја прекине вашата потрага.
80. Повеќето луѓе не успеваат не затоа што губат, туку затоа што се откажуваат.
81. Таму некаде постои некој друг кој работи поупорно од вас за да ги постигне истите цели.
82. Кога донесувате одлуки важен е само резултатот. Толку очигледно, а сепак има толку промашувања.
83. Ако најдете некој кој вреди да го сакате, не пуштајте го да си замине. Смешни сте дури и ако само размислувате за тоа.
84. Некои луѓе никогаш нема да успеат заедно.
85. Никогаш во животот нема да посакате да се ставите во ред- за било што.
86. Невозможно е се додека некој друг не ве увери во спротивното.
87. Работете со добри луѓе. Дружете се со добри луѓе. Сакајте добри луѓе. Се останато ќе си дојде само по себе.
88. Ценете се што имате и бидете подготвени да изгубите, бидејќи на крајот сите ние губиме се.
89. Не работете на работни места кои ги мразите- само не правете го тоа.
90. Размислувајте повеќе и судете помалку.
91. Најдобриот начин да комуницирате со луѓето е да зборувате помалку, а повеќе да набљудувате.
92. Ако знаете дека не можете да завршите нешто, тогаш не ни започнувајте.
93. Сите сносиме одговорности за да си помагаме меѓусебно и да работиме за да го направиме светот подобро место за сите живи суштества.
94. Луѓето можат да се променат. Само не го прават тоа многу често.
95. Особено важна е цврстата врска со вашето семејство.
96. Семејството не ги вклучува само оние кои ни се крвно сродство.
97. Нема причина зошто да бидете скиснато г*мно. Го правите светот полошо место само затоа што се чувствувате така.
98. На повеќето луѓе не им е грижа за ништо. Но секогаш можеме да најдеме мал број на луѓе кои се грижат. Токму тоа е се што ни е потребно.
99. Ако сакате да сте богати, пронајдете ги вистинските познаници.
100. И на крај, сепак вие сами донесувате одлука. Ако сте среќни со вашиот начин на живот, тогаш продолжете така.
Посетено 886 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!