Музика во боја
-Каква музика слушаш? – ме прашува
-плава
-како плава?.. мислиш на Шериф Коњевиќ
и негована „Колико небо плаво је“?
-хаха ни под разно
-е тогаш сигурно на „Убавиот син Дунав“?
-не ма, едноставно плава музика
-каква ти е таа жити се?
-пушташ музика, затвараш очи и ти се појавува плаво светло
-а како купуваш?..идеш во продавница
и бараш „нешто најново од плавата музика“?
-не баш… купуваш на тепка, ја пушташ плочата
и ако ти се појави плаво светло таман си е,
ако не идеш и ја враќаш
-а што ако еднаш ја пушташ и ти се појави плаво светло
а наредниот пат се појави црвено?
-па ништо, идеш на психијатар да ти ги наштелува
светлата во глава..ама тоа за по дома важи, не за по кафани
-а зошто не?
-еднаш бев на певаљка во онаа кафаната кај Железничка
и’ бутнав пари во цицка
и и’ нарачав црвена песна (ради атмосферата нели)
ама многу се заебав.
-зошто, што се деси?
-па глупачана се изнервира, извади улошка
и од глава ми ја тресна,
ми се смееше цела кафана.Ама се смири после,
дури и ми се потпиша на улошката, си ја чувам за спомен
-а ти, каква музика ти слушаш?
-Знаеш што Зоки, мислам дека џабе ни е, не сме
створени едно за друго
-Заради музиката?
-не бе, заради улошката ебате кретенот,
таа певаљката што ја викаш не е певаљка
него е естрадна звезда… и не е глупача,
напротив има IQ 186/93 а случајно мајка ми е.
-мајка ти е викаш..аха..а кај има измерено колку и’ е IQ?
-како каде?..па дома, имаме инструмент за тоа
-тој инструментот да не е за притисок мерење случајно?
-не е, не биди глуп, мери IQ и пулс
-Оф земјо отвори се и проголтај ме- си мислам
И стварно се отвори ама неа ја проголта, не мене
И не баш од прва, не беше доволно голема дупката
па и’ се заглавија силиконите
и морав со нога да ја подбутнам да пропадне
Мислам дека никој не ме виде
А штета, можевме убав пар да бидеме
Посетено 487 пати