Оправдано безгласен
Сè помалку имејлови и скапани тел. разговори. Сè помалку средби и преговори.
Во кафеана не пијам кафе. Во кафуле се плашам од првиот јегер и од последната Б52-ка.
Не одам на слави, коктели, приеми. Знам каде ми е местото дури и кога ми е убаво дома.
Не повлечен во себе, не осамен, попрво привремено повремен или неоправдано тукашен.
(Напорно е да те има секаде, зезнато е да си постојано дома, а она помеѓу се меѓи со беспаќе.)
Сè повеќе глуви зборови што тивко се гаснат во мене и се распаѓаат во одвишни букви.
Ќе се видиме кога ќе имам што да кажам! Дотогаш ќе се бранам со молчење и со мочање од ќерамиди.
Посетено 548 пати