113-годишна жена мора да лажe за да се приклучи на Фејсбук
Ана сакаше да се приклучи на Фејсбук откако представник на продажба на смартфон ја научи како да користи интернет. 113-годишната жена од Минесота мораше да сокрие 15 години од нејзината возраст за да може да се приклучи на Фејсбук. Anna Stoehr одлучи да се приклучи на Фејсбук неколку дена пред нејзиниот 114 роденден. Меѓутоа, кога таа сакаше да си отвори профил, примети дека нејзината вистински година на раѓање – 1900. ја нема како опција. Најраната година на раѓање која моментално можете да ја изберете е 1905. Anna беше принудена да излаже дека е стара “само” 99 години, со цел да се приклучи на социјалната мрежа. Таа се заинтересира за технологијата на smartphone откако Joseph Ramireza-представник на продажбата превзеде обврска да ја научи како да користи интернет, испраќа електронски пораки и да користи FaceTime.
Ramireza и помогна на Anna Stoehr да искуца писмо на една стара машина за пишување до основачот на Фејсбук Mark Zuckerberg во кое вели: “Јас сум уште тука!”.
Посетено 917 пати