Совршен пар

Aјде мори стануј, треба да пазариме и да спремаш…

sovrsen par_majkatiitatkoti..во парк..на клупата до мене седи пар..таа го потпрашува со милен глас, колку е часот,а тој и одвраќа со рик на лав: па види си на мобилниот, ебате глупачата, за шо ти купив мобилен, и ја глуп 500 евра за тебе давам, проста една..сега ќе ти го земам и саат ќе ти купам, околу врат ќе ти го закачам, ко овца да го носиш, ебате тоа мифката..
..таа ќути, не одговара..
..зазвони телефон..неговиот мобилен..се дере: ало другарче, златен, еве бе во парк со жената..да бе да, па знаеш како, фамилија на прво место, после се` друго здравје..да, да дојдете на гости, потврдено, со душа ве чекаме, знаеш ти, најбоље ќе спреми госпожата, да де, првокласно..еве и она те поздравува и ве чекаме..

..се врти кон госпожата и вика: ајде мори стануј, треба да пазариме и да спремаш, ги заборавив овие..пииии им мајчина, кај најдоа денес баш..ајде,ајде мрдај, не се влечи ко баба..
..стана, бутна мобиљот у џеб, изрка дебел секрет и го фрли у даљина..малку фраерски се нишаше дур одеше, а крстовњачата ланецот му светеше ко милениумскиот крст..по него, ко истепана магарица поттрчнуваше госпожата, да го стигне, да не случајно ја запердаши еднаш-два пати.
..се подзамислив,колку ли убава вечера и дружба ќе имаат сите со стокава, и како он фино ќе ги пречека и испрати..затварајќи врата, дали ќе рече: муфљуси едни, 3 саати тука ве тинтрам, можев да дремнам..а ти мори шо ме гледаш, земи среди цакум-пакум, да не те мењам за друга..
..фин некој човек..којзнае колку околу нас има вака совршени парови?.

Посетено 4.110 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!