Максим Мрвица “за сите пари” во Охрид

Прв пат го посетив античкиот театар во Охрид, прв пат го слушнав Максим Мрвица во живо, уживајќи во преубавата атмосфера и музиката на синојќешната дешавка. За да осетите колку-толку од сето тоа, најфин ми се виде постот на Ohrid News така што сметав дека е најдобро да го “украдам” и реобјавам во целост.
Фото: Ohrid News
Фото: Ohrid News

Ветено – сторено. Хрватскиот пијанист Максим Мрвица, синоќа, на сцената на „Антички“, одржа незаборавен концерт во рамки на фестивал „Охридско лето“.

  Фото Ohrid News

Фото Ohrid News

Мрвица изведе кросовер композииции од сите десет албуми, како и еден помал блок класична музика, приредувајќи и на фестивалската публика незаборавна музичка вечер.

Фото Ohrid News
Фото Ohrid News
Фото: Ohrid News
Фото: Ohrid News
Брилијантен настап на Максим Мрвица на Антички театар

Хрватскиот маестрален пијанист Максим Мрвица, „пијанистичкото чудо од Шибеник“, со своите исклучителни изведби молскавично ја освои меѓународната сцена. На 11-годишна возраст го одржал својот прв концерт како солист со оркестар, не престанал редовно да вежба и за време на војната во Хрватска успева дури и да ја освои првата награда на државното натпреварување во Загреб, а потоа стекнал одлична пијанистичка школа на Музичката академија во Загреб, на конзерваториумот „Франц Лист“ (“Ferenc Lizst“) во Будимпешта, Националната школа за музика (“Ecole National des Musique“) и конзерваториумот „Александер Скриабин“ (“Alexander Scriabin“) во Париз. Денес Максим Мрвица е еден од најпознатите светски пијанисти и најпродаваниот кросовер-пијанист во светот, кој зад себе има 10 студиски изданија, милионски тиражи во повеќе од 57 држави и бројни меѓународни награди и признанија. Својот прв албум „Гесте“ го објави во 1999 година, а неговото следно издание, албумот „Д пијано плејр“ („The Piano Player“), во 2003 година беше објавено за славната издавачка куќа „ЕМИ Класикс“ (EMI Classics). Во 2010 година, Максим беше поканет од Шопеновото друштво од Варшава да настапи на концертот во чест на 200-годишнината од раѓањето на композиторот. Сингловите и спотовите на Максим Мрвица звучеа на Олимписките игри во Грција и во Кина. Комплетноста на неговата сценска појава се согледува и во неговиот посебен моден стил, резултирајќи со соработка со неколку водечки модни куќи како „Долче и Габана“ во Токио и „Кристијан Диор“ во Париз. Неговата харизма и неизмерлив талент ги привлекоа некои од најголемите светски брендови од калибарот на БМВ (BMW), Мерцедес и други.

Превземено од OhridNews

 

Посетено 782 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!