Галебот Џонатан Ливингстон и голата комшивка

6:30 поручек
Секој ден во ова време комшикана од другата зграда вежба
гола – јога со отворен прозор, милина е за гледање
Ја наместив фотељата, ја дигам ролетната
и гледам 2 гулаби како ми стојат на прозор,
ми го реметат погледот.
„Ишшш кокошки, да ве нема“ – им се дерам
Едниот мртов ладен се врти
и ми вика:
„Сега, ќе си одам, не вришти како малоумен“
„Ај не се занесувај, одма да се губите“
„Јас сега ќе одлетам ама овој не може“
„Не може а..и он да не ја гледа комшивката?“
„Не бе, мртов е “
„Е да бе, како стоечки умрел?“
„Од кај да знам како, не сум му матичен“
„Нема везе , земи го и фрли го негде“
„Да ми ги дадеш рацете па би можел, ама со крилава како?“
И така, се сменивме,
му ги дадов рацете а он мене крилата.
Земав да мафтам со нив и глеј чудо, можам да летам
Не ми се верува луѓе, стварно ЛЕТАМ
„Слушај коковче, во онаа фиока ги чувам сметките
а лево од неа парите.
Плати ги сметките и ќе ти остане некоја паричка за
пченица, кикирики… тоа што јадеш, појма немам
и не врти на 109-ти канал, АнималПланет е, ќе се извадиш од памет,
јас отидов“- му реков и полетав
И така летам над градов, милина една,
не изгледа лошо Скопјево од птичја перспектива,
башка што легално можеш да им се сереш на тие што не ги сакаш
Па така прв наеба еден џибер во кабриолет на кој
колата му се тресеше од нежните звуци на Харис Џиновиќ
Втор набеа .. уствари не е битно, важно после 1 саат налетав
на галебот Џонатан Ливингстон
Он ме научи на некои егзибиции во летањето,
зборевме за слободата, совршенството,
како да се издигнеме од незнаењето и конформизмот
и сл. птичји муабети
„Него слушај саат да не имаш?“-ми текна да прашам
„7 и пол“
-Леле извини, морам да идам, заборавив на комшиката,
мило ми беше што се упознавме, ај чао“ –се простив од него
и одма долетав до прозорот на комшиката
„што правиш бе ти?“- ме приметува она после 2-3 минути
„ништо, те гледам..убава си“
„па влези внатре, не ми лебди пред прозор“
Влегов, се тресам од возбуда а она
„ај и ти соблечи се, не е фер само јас да сум гола“
-ми вика
Ми светнаа очите, ми заигра срцето,
„ама не можам да се соблечам, гледаш дека немам раце, само крила“
-тажно си кажувам
„нема гајле“- кажа и набрзина ме соблече, ми ги извади крилата
и таман да ме гушне се слуша ШКЉОЦ, некој влегува во станот
„еј, маж ми, мораш да бегаш“
„каков маж, стално сама те гледам?!“
„па сабајле се врати од затвор, лежеше 5 години
за сурово однесување кон животни, поготово птици“
Аууу опасно, морам одма да бегам или сум наебал
Се качив на симсот и пред да ме дофати овој робијашов
се фрлив од 8-ми кат
Сакам да летам, пробувам да мафтам– џабе,
ми ги нема крилата, оваа заборави да ми ги стави од брзање.
Сум наебал.
Како камен од 72 кила паѓам со 500 на саат
врз паркираните аутомобили, ми се ближи крајот,
да имав барем раце да напишев тестамент , ама нем…..

Посетено 1.569 пати