ИЗВИНИ СТАВИВМЕ СЕНЗОР ЗА ЛЕПОТА, АМА ТИ…..

Зоки беше чуден човек.lift_zokipanker
Уствари беше таков затоа што уште
како бебе беше ружно човече, жив габор
Како растеше така и габоризмот му се зголемуваше
Тоа што имаше сипаници па му останаа кратери
по лицето беше полу-капак, а капак беше
кога си ја залепи пеглата за лице
и од досега кажаното јасно е дека немаше ни еден пријател
Понекогаш правеше ситни бељи,
им мочаше на комшиите пред врата, им ги
палеше домофоните или им врзуваше мртви чавки на кваките
ама не затоа што имаше лоша душа него
тогаш имаше барем шанса да си направи муабет со некого
„Е ќе те скршам, само да те фатам“- му се закануваа
а тој одма спремно „фала комшија, а вие добри?“
Секогаш се возеше со лифт пошто беше и тешка мрза
за да користи скали и често ќе го заглавеше
и со саати си разговараше
со својот лик во огледалото
Е ова посебно ги збеснуваше комшиите
Еден ден влезе во во лифт, притисна копче
ама лифтот не се помрдна од место и само му кажа
„извини, ставивме сензор за лепота
ама ти не го помина“
„што значи тоа?- културно си праша
„тоа значи дека ружни луѓе не можат да ме користат“
-одговори лифтот
„ сакаш да кажеш дека не сум убав?“-
„Сакам да кажам дека си ружен,
одвратно најружна креатура на свет
и нема шанси да идеш со лифт..или
пешки или да спиеш пред влез на клупа“
Крајно разочаран, со насолзени очи тргна пешки да се качува
и ненавикнат на таква физична активност
телото почна да му се загрева, да согорува и распаѓа
оставајќи пепел позади себе
Следното утро кога комшијата го носеше кучето на мочање
пред неговата влезна врата виде
едно скршено срце (кучето одма го изеде), две солзи
на отирачот (кучето одма ги излижа) и некаква изгубена душа под него
Ја шутна душата и продолжи по скалите пцуејќи ја чистачката
што ништо не исчистила
………………………………………………………………………….
„ете тоа е приказната за Зоки“- и’ кажувам
на згодната женска што стои до мене на шанк
„и ти со овакви приказни мислиш да ми се пушташ?“
-со презир ме прашува- „башка види се каков си,
како пегла да те удрила во фаца а и повише вулкани
има кај тебе на лице него на цела Јужна Хемисфера,
ај тргни ми се да не те гледам“
– ме откачи со тие зборови
Разочаран од „корпата“ идам накај дома, влегувам во лифт
притискам на 4-ти..ништо…пак притискам
и наеднаш лифтот ми се обраќа
“Извини ставивме сензор за лепота ама ти……..“

Посетено 1.402 пати