Ја запознаваш случајно преку заедничка другарка, седете у некое тихо ресторанче на вечера, прв пат муабети, студирате исто…

Ја запознаваш случајно преку заедничка другарка, седете у некое тихо ресторанче на вечера, прв пат муабети, студирате исто, бааги заеднички интереси, слична смисла за хумор, уште две-три винца, па кимкање, па погледи, па не е проблем ја ќе ве однесам сите, неа на крај последна ја оставаш, па ај до кај мене, па она се сложува, па дома цепете уште две-три винца, па пушти Ник Кејв ти вика, па сексови до зла Бога, подвезици, фетиши, уште малце винце, уште многу секс, заспивате…

Сабајле спремаш романтичен доручек, праеш моќно кафе, ја будиш, лапање пола саат и пред да седнете да доручкувате у кревет они ти вика:

‘Како можеш да го пиеш овој јогурт на ‘z bregov, врска нема, одвратен е, плус јогурт па кафе не иде’

Се насмевнуваш и ја лупаш најнеочекувано со послужавникот у глава, ја попаруваш у фацата со кафе, ја бркаш гола надвор на два степени по Целзиус, пошто која е она да кажува како се трезнат шампионите, маму и јебем некомпетентна.

Посетено 4.089 пати