ОДВРАТЕН СОН

Заспиваш…
Заспиваш,
кога сакам да те сакам.
Ми вртиш грб…
Ми вртиш грб,
кога сакам да те бакнам.
А знаеш ли дека
го чувам како единче
делот од постелата
на која бевме среќни.
Се помалку го има…
Затоа го нарекувам “дел”.
Има само некој чудни
воздишки што полека
ме полудуваат.
И прашањето…
-“Ме гушна ли ноќеска”?
Кое не знам
како да ти го одговорам.
Во сонот или на јаве
дал те гушнав?
(се прашувам)
И…
Додека ти кажувам
дека тоа е СЈАВЕ,
чудна болка имам,
болка чудна,
баш по целиот живот.

Посетено 503 пати