Како економист спојува бизнис со задоволство (љубов)

Завршив економски смер во екс Борис Кидрич или по ново „Васил Антевски – Дрен“, иако сите милуваме да си го кажеме едноставно БОРИС.
И да не го тупам сега за името на школото, ред е да ви кажам збор два за моето учење економија. Пошто одувек сакав да бидам креативна, а подобро да запамтам, а отпосле дознав бидејќи тоа е поради мојата дислексија… Решив да си учам на свој начин.
Економистите ќе ме разберат, иако повеќето зборови и вам ви се потребни…
Текстот е напишан во 2010-та година и остана автентичен каков што сум го напишала и тогаш….
Малку ретро не е на одмет, нели? Следниот пак ќе прочитате за менаџмент функциите во една врска. Иста прича само по менаџмент…

Арно не бие глас нас Прличкови, сите еден до еден сме луди… Барем еден нормален да се погодеше… Јебига…

Закон за вистинска љубов –> закон за реткост

*Гледано од економски аспект

*Економска литература на љубовта

заклучок: Вистинската љубов е ретка и му е потребна на секого

~СИСТЕМОТ (у една цела врска т.е relationship)~

  • Понуда: (докажување, ти плаќаат нон-стоп пијачка)
  • Конкуренција: (се натпреваруваат кој е боље)
  • Побарувачка: (бараш некој посебен, некој што ќе ти купи нешо поскапо… Нешо ново на пазарот)
  • Вредност: (карактерот,парите,телото и секако колку му е паметот!)
  • Фактори кои го спречуваат остварувањето на целта: (дрољички :P)
  • Избор: (ти бираш кој ќе го земеш, доека можеш)
  • Користност: (колку и како се користи партнерот)
  • Сопственост: (Или е твој – индивидуална или го има секоја втора у градот – корпоративна)
  • Партнерство: (лесно се склопувате,но тешко ги решавате проблемите)
  • Опаѓачки приноси: (све помалце и помалце те финансира)
  • Трошоци: (премногу бараш)
  • Опуртунитетни трошоци: (или ќе останеш со него или ќе бараш друг)
  • Биланс на успех: (колку добри работи.а колку лоши работи се издешавале = успешна е врската или не? – се одлучува на крајот на месецот, се утрвдува истото секој месец)
  • Профит: (колку си искористила од него и што)
  • Производ: (бебе)
  • Потрошена амортизација: (веќе не го бива за нишо, мора да се замени)
  • Банкрот: (не те финансира више = крај на врската)
  • Расходи и приходи: (кој колку и што потрошил и добил)
  • Данок: (алиментација)
  • ПАРАДОКС: И после не било све у парите,ма немој

П.С. Оваа гледна точка гледам било наменето за спонзурушките. Сега кога „остарев“ сфаќам дека за вистинска љубов не ви се потребни пари… Потребно ви е разбирање, емпатија, комуникација и доверба.. А, парите… Не се проблем.. Парите скоро никогаш ги нема 🙂

Посетено 562 пати