Тешко може да се одолее на овој модерен пар

Некои работи едноставно се подобри кога се поврзани, или се барем посилни. Тоа може да се каже за познатиот моден пар, Џастин О’Шеј и Вероника Хајлбрунер, каде што величината на едниот не ја надминува онаа на другиот, туку, напротив, овие две енергии фантастично се надополнуваат
justin-i-veronika[fblike]
Облечен во совршено скроен повеќеслоен костум, со тетоважи кои се наsираат под ракавите, Џастин О’Шеј, менаџер на познатата луксузна онлајн продавница mytheresa.com, за многу кратко време стана еден од најпрепознатливите карактери на модната сцена. Искрено кажано, неговиот гардеробер пред се е здодевен, бидејќи главно се состои од класични машки костуми и кошули, и тоа од оние со потпис на Prada, Acne или, пак,  брендот Doyle Mueser.
Од друга страна, Вероника, која работела како моден уредник во неколку германски модни списанија, а денес е на положба ма модна уредничка на германското модно списание Харперс Базар, негува многу лежерен и еклектичен стил. Многу често ја нагласува потребата за голема комоција, а на високата мода и пристапува со, може да се каже, голема доза на несериозност и иронија – затоа што, искрено, ретко некому успева успешно да комбинира фустан Christopher KaneAcne палто сенф боја, снежно бели Nike спортски чорапи  со Valentino, како што и успева на оваа девојка.
Тие станаа визија за современ пар кој е успешен, интересен, елегантен и секогаш совршено синхронизиран, односно пар кој заедно дава впечаток на висока визуелна декаденција.

border 1-transfer-ABC-za-banner

Посетено 5.448 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!