Скршените сништа и дупнатиот чамец

[fblike]

dreams_panker
Се жалат луѓе на скршени сништа,
пропаднати планови и љубови, неисполнети желби
и сл. секојдневни тривијалности
па решив да правам бизнис,
да ги складираат кај мене во гаража
сите маки што им ја тормозат душата
па ако некогаш пак им затребаат ете, ќе им ги вратам
а во меѓувреме им наплаќам скромна лежарина
Се прошири бизнисот па изнајмив складиште,
па после купив слободна трговска зона во н.Илинден
ама и тоа беше малку
и на крај морав да купам пуст остров
некаде помеѓу Cook Islands и Niue
И така таму ги складирав неколку месеци
меѓ утоа островот пропадна под нивна тежина,
не бев свесен дека толку малце народ
има толку ТЕШКИ маки
и еве ме како беспомоношно пловам
натаму-наваму по јужен Пацифик,
во чамец што полека издишува
а ајкули кружат околу мене
како македонци околу шведски стол
во хотел во Анталија.
А ништо посебно не сакав,
само да заработам некоја паричка од маките на другите,
ништо безобразно и неетички, нели?
И пумпата за чамецот ми ја нема, никаде ја нема
глуп, сум заборавил да ја земам,
важно сум земал лап-топ, кутија цигари и виски до пола
што знам дека нема ич да ми помогнат
кога скроз ќе издиши чамецот.
Кој парадокс,
цело време изигравав ајкула меѓу луѓето
а сега сум само бедно уплашено човече меѓу ајкулите
Не за долго, наскоро ќе бидам само БИВШО бедно човече
П.С. оваа порака,
вероватно нешто како последна исповед
ми ја прати човекот на кого му ги оставив
скршените сништа на чување и сега си ги барав назад,
си викам „ај пак да пробам“ !!!
Ама ме заеба, потонаа на дното на океанот,
а регуларно му плаќав ??
Не е фер
Посетено 563 пати