Скопјанчиња со вроден страв…

skopjancinja ZOKI PANKER
Голем дел денешниве Скопјани се плашат од се,
се плашат за работа ама и од работа
од мизернава денешница и неизвесното утре,
од погрешно изговорен збор, погрешно фрлен поглед,
па и дури и од погрешна мисла,
од пајак и зонско паркирање
од цајкани и извршители
од педери и лезбејки
од набилдани и наркомани
од коли со затемнети стакла и нескопски регистрации
од провинцијалци и албанци
од војна ама и миров им е со прашалници
од магла па дури и од сопствената сенка
од улични кучиња и домашни бубашваби
од……
Е добро бе, па какви поколенија ќе оставиме?
Скопјанчиња со вроден страв,
исконски уплав од се’ и сешто
и по некое евро
како долг или наследство, како кој
Зошто? .. Стварно не ми е јасно ?
Толку ли е се’ страшно,
толку ли се сите „други“ страшни ?

Посетено 1.800 пати (1 денес)