Секс во зима

peko-banner
seks-vo-zima_majkatiitatkoti
Желбата за секс за време на зимските месеци опаѓа,
со исклучок на периодот околу Нова година кога доминира
празничната еуфорија
На многумина зимата им влијае врз расположението, па не е необично ако се чувствувате летаргично во овој период од годината. Едно истражување од универзитетот „Индијана“, покажало дека зимата има голем ефект врз степенот на агресивност и секс хормоните, и дека овие ефекти се различни кај мажите и кај жените. Студијата открила дека „женките хрчаци изложени на пократки денови, имале зголемено ниво на мелатонин и адреналин (DHEA)“ и покажало дека мелатонинот е „примарен регулатор на агресија кај жените“.

Зимата сепак влијае и врз двата пола, не само врз жените, бидејќи кратките денови влијаат на невротрансмитерите.

Конкретно кажано, ладните денови значат и намалување на производството на серотонин. Тоа значи дека и мажите и жените не се многу расположени за интимни односи, односно нивната желба е намалена. Исто така, постои и конкретно сезонско нарушување (Seasonal Affective Disorder), заедно со нагли промени на расположението, коишто резултираат со незаинтересираност за секс.
„52% очекувале подобар секс за време на празниците“
Едно истражување од „Дурекс“, покажало дека 52% очекувале подобар секс за време на празниците, но повеќето завршувале разочарани. Ова истражување било фокусирано врз она што се нарекува „дигитална дистракција“ или негативниот ефект од користењето на телефоните врз врските, за време на празници. Анкетата покажала дека оваа навика за време на празниците, значително влијае врз сексуалниот живот.
Но не се сите вести лоши. Исто така, постојат и голем број на истражувања коишто откриле дека празничниот период (декември и јануари) е периодот кога се зачнуваат најмногу бебиња, што го поврзуваат со празничното славење за време на новогодишните празници.

baner-igor-forza

(Посетено 1.347 пати, 1 денес)
Pharmanews.mk
Автор
Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.

Поврзани Статии

Оставете одговор

*