Ех да можам….

-Колку е саат?- ја прашувам жена ми
-9 ипол
-Колку е саат?
-10 и пол
-Колку е саат?
-е аман више, 100 и пол е –изнервирано ми одговара
-100 и пол?.. леле закаснив
-За што касниш?
-сакав во 12 да се убијам
-Уби се сега, некој саат више- мање голема работа
-А не, не може, ќе си презакажам за друг пат
-ај сега „нареден пат“, ко мало дете си,
уби се сега и готово!
-и тоа што викаш
<-само немој во трпезарија те молам
-зошто не, па таму е најубавиот лустер за бесење?
-Ама мајка ми ќе ми доаѓа на гости на ручек
-аааа, за неа ли ги печеш полнетине пиперки?
-Да,за мене ќе направам шпагети
-Ок тогаш, мило ми беше што се знаевме, ај чао
отидов да умрам
-и мене ми беше мило едно време, чао
Се врткам низ станот и се мислам каде и како да се убијам
и тогаш ми светна една генијална идеја
Отидов во кујна, ја отворив рерната
и влегов во една полнета пиперка
Додека полека се крчкам на 200 степени си мислам:
„Да ми е само да и’ го видам лицето на мајка и’ лудачата
кога ќе ја загризе пиперката
а јас ќе штрцнам од неа фино испечен
и лом ќе и’ ја направам хаљината хаха“
Ех да можам, за такви моменти вреди да се живее
ама сега е малце касно за тоа

Посетено 1.657 пати