Band Aid 30 промоција на X Factor: Видео кое ќе ви го скрши срцето

По 30 години од првото објавување, Sir Bob Geldolf ги собра најдобрите светски музичари за снимањето на песната чиј приход е наменет за доротворни цели, “Do They Know It’s Christmas” и е исто толку трогателно како што и очекувавме.
Овој пат борецот- ветеран се надева дека ќе се справи со кризата на Ебола којашто во моментов ја пустоши западна Африка.
По снимањето во саботата, песната е монтирана за рекордно брзо време со цел да се покаже на вечерашното издание на X Factor.
Уште на самиот почеток е прикажана снимка од жртва на Ебола кој ја изнесуваат од домот лица со маски и заштитна облека.

Излечи го светот - sвездите ја пеат емоционалната песна

Излечи го светот – sвездите ја пеат емоционалната песна

“Тоа е ужасно. Не е наменето за забавно шоу, но сметаме дека треба да го видите!” рече Bob Geldof на снимањето.
“X Factor нацијо- ние одиме во борба. Поради таа причина ја создадовме оваа песна.”
Почетната снимка која ви го распарува срцето предизвика бранови од емоции на Twitter.
Првиот стих започна со One Direction, а потоа следуваа Rita Ora, Ed Sheeran, Bono и Chris Martin. Учество во овој историски настан земаа и Paloma Faith, Ellie Goulding и Bastille.
Sir Bob им одржал страстен говор на музичарите пред снимањето. “Денес вие им се придружувате на Ray Charles, Miles Davis, Michael Jackson, Stevie Wonder, Pink Floyd и на сите оние кои некогаш направиле нешто за Band Aid.”
Bob Geldof повикан како домаќин на музичарите на  снимање на новиот сингл

Bob Geldof повикан како домаќин на музичарите на снимање на новиот сингл

Промоцијата на песната ќе биде во понеделник. Чини 99 пени за да се симне од интернет или 4 фунти за да се купи на CD. На следниов линк можете да порачате уште веднаш.
George Osbourne се заложува да ја откаже ДДВ таксата, со што секоја пара ќе оди за да помогне во борбата против Еболата.
Зборовите од класичната Божикна песна се приспособени за да одговараат на моменталната состојба.
И покрај тоа што мелодијата е скоро идентична, сепак има промени во текстот.
Новите стихови гласат:
Иста песна, нови зборови

Иста песна, нови зборови

“Место каде бакнежот на љубовта може да те убие- и смртта е во секоја солза,”
И продолжува
“Нема мир и радост овој Божиќ во западна Африка- единствената надеж е што се живи.”
“Да уживаш- а да се плашиш, да допреш- и да бидеш исплашен.”
“Како тие воопшто ќе знаат дека е Божиќ!”

(Посетено 551 пати, 1 денес)
Мајка Ти и Татко Ти
Автор
Мајка Ти и Татко Ти

Поврзани Статии

Оставете одговор

*