Деца

Родителската љубов е безгранична и токму затоа грешките на родителите (за арно, нормално) при воспитувањето на децата оставаат далекусежни последици. Тврдам дека најголем дел од дефектите во однесување на детето се предизвикани од родителите. Нешто малку улицата и школото. А се’ е од пуста желба детето да биде најдобро, најумно, највоспитано….

• Давање многу пари – обавезно ќе бришка по ’Партизанска’ со брзина 300 км на саат и ќе биде сељак прва лига. Знакчето од брендираната облека ќе биде најголемо ’у центар на груден кош’ или по можност залепено на чело.

• Давање малку пари – обавезно станува питач – “дај еден залак, дај да те гребнам една цигара, ќе частиш една пијачка’’. Ич неубо!

• Казнување со неизлегување, одземање мобилни – произведуваме патолошки лажго. Ќе не’ исуши од лажење, а ќе си веруваме

• Ако истовремено го запишеме на балет, клавир, одбојка, тенис, карате, танц, …нешто од ова опасно ќе му се згади до крај на животот. Следствено , децата ги запишуваме на дополнителни воншколски активности, каде што сакаат тие, а не ние.

Значи златна средина, другари! Искреност и муабет. Кај што сме ја заебале работата – здравје! А ’’морално’’ е некаде утка да се направи, оти совршен родител не постои!

Посетено 660 пати