Интернет троловите се садисти
Веќе знаеме дека интернет троловите се буљаши. Сега, благодарение на информативно видео од AsapScience, знаеме малку повеќе.
Накратко, во видеото се објаснува дека троловите имаат мрачни карактерни особини како макијавелизам, нарцисоидност, но и многу високо ниво на садизам, што значи дека наоѓаат задоволство во нарушување на добросостојбата на некој друг.
Видеото е базирано врз истражување од 2014-та гоина кое вели дека 5,6% од анкетираните 1.215 лица се самоидентификувале како интернет тролови, или признале дека уживаат во „реметење“ на интернет.
Сепак, некои тролови не би признале дека се тролови, па вистинскиот процент е прилично поголем.
И покрај мрачните карактерни особини, тоа не значи дека троловите се потенцијални сериски убијци, но емотивно се задоволуваат кога предизвикуваат или набљудуваат како некој страда.
Единственото чаре е да ги игнорирате, се заклучува во видеото.
[youtube height=”600″ width=”800″]https://www.youtube.com/watch?v=6Zxy_dScjsM[/youtube]
Посетено 587 пати