Стоичков, Адел, Мојс и Ди Марија со „честитки“ за Јунајтед
Елиминацијата од Лигата на шампионите веќе по групната фаза секако е неочекуван развој на настаните за гигантот од Олд Трафорд.
Сепак, како и во останатите вакви слични ситуации, испаѓањето од европската елита на некогашниот шампион во исто време е и добар материјал за интернет троловите кои како едвај да чекаа да го видат Манчестер Јунајтед во Лига Европа.
Нешто што можеше и да се очекува по потрошените преку 250 милиони фунти минатото лето на засилувања кои на крајот не сменија ништо за Луи ван Гал, тренерот од кој многумина навивачи синоќа побараа оставка.
Помеѓу тие кои им „честитаа“ на „црвените ѓаволи“ синоќа се најде и легендата на Барселона и на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков, како и монтажите од кои дел беа Анхел Ди Марија, Адел и Дејвид Мојс.
Посетено 241 пати