Осум години без фудбал за Платини и Блатер!

blater
Првите луѓе на УЕФА и ФИФА изутринава ја дознаа својата казна по истрагата која во изминатиот период се водеше против нив.
Казна која е драстична и која изнесува забрана за било каква активност во светот на фудбалот во следните 8 години и за Сеп Блатер и за Мишел Платини. Суспензија која значи дека и двајцата во февруари нема да можат да ги поднесат своите кандидатури за врвот на Меѓународната фудбалска организација.
Оваа казна изутринава ја објави Етичкиот комитет на ФИФА на чие чело се наоѓа Ханс Јоаким Екерт. Суспензиите стапуваат на сила веднаш, а како образложение е истакната „нелојалната исплата“ од 2 милиони евра кои 79-годишниот Блатер во 2011-та ги уплатил на сметката на Платини за работите извршени во периодот од 1998-ма до 2002. година.

platini

Ниту во својата изјава, ниту пак во личното сослушување г-дин Блатер не успеа да покаже правна основа за исплатата на таа сума. Неговиот аргумент за устен одговор не беше доволно уверлив и беше одбиен“ – стои во дел од изјавата на Етичката комисија според која немало доволно докази Блатер и Платини да се казнат за мито и корупција.

Сепак, доказите биле доволни за казна според членот 20, нудење и прифаќање поклони и други бенефиции. Блатер, кој поради судирот на интереси, прекршил уште неколку члена, ќе мора да плати и парична казна од 50.000 швајцарски франци.

Платини мора да плати повеќе, односно 80.000 франци. И двајцата најавија жалби на оваа одлука, иако и покрај тоа по последниот развој на настаните е сосема јасно дека ФИФА и УЕФА во 2016-та ќе добијат сосема нови први луѓе.

Прочитај повеќе на: http://pixel.mk/sport/fudbal/osum-godini-bez-fudbal-za-platini-i-blater | Pixel.mk

Посетено 175 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!