Збогум прле

dragan-nikolic2

Легендарниот актер Драган Николиќ по тешко боледување почина денес во Белград.

Актерот беше во болница од крајот на мај, кога докторите првпат се бореа за неговиот живот. Тогаш кризата помина, но овојпат легендарниот Флојд ја изгуби најважната битка.

Драгослав „Драган“ Николиќ е роден во Белград на 20-ти август 1943-та година. Завршил академија за актери, а веќе на 24-години оставил неизбришлива трага со улогата на безделникот Џими во еден од најдобрите српски филмови на сите времиња. „Kad budem mrtav i beo“ (1967).

Во `70-тите и `80-тите, остварил низа улоги во домашните филмови, ТВ серии, а ние ќе го паметиме по најпознатата улога на Прле во „Отпишани“.

Емисијата „Obraz uz ubraz“ ја водел заедно со неговата сопруга и актерка, Милена Дравиќ.

Николиќ ќе остане запаметен и по улогата на Флојд во „Nacionalna klasa“ на Горан Марковиќ.

Во урбаната мелодрама „Poslednji krug u Monci“, Николиќ беше впечатлив со улогата на белградското „жестоко момче“ од некои дамнешни времиња.

Со овој филм си го запечатува имиџот на харизматичен мангуп кој плени со снагата на карактерот, елеганцијата, но и мустаќите.

Посетено 635 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!