Сите да си земеме бесплатни часови за хуманост кај кучињата! Еее… Скопје мое, на што спадна.

Кучето е најдобриот пријател на човекот!

Оваа теза денес дефинитивно ми се потврди откако посведочив една неверојатна сцена.

Човек со физичка попреченост во својата количка проаѓа пешачки премин на улица, на која обидувајќи се да се поткачи на тротоарот наиде на потешкотија.
Ги блокираше малку возачите во колите кои нели брзаат и немаат 15 секунди време да почекаат.
Истовремено пешаците околу него а ги имаше околу десетина, абе што е тоа на ЕДЕН да му текнеше и да му дојдеше природен ЧОВЕЧКИ нагон, па да му помогне на човекот да се качи на тротоар.

Затоа, 5 кучиња скитници кои толку често ги хејта народ дека напаѓаат и касаат и слично, го опколија човекот како сцена на филм, го обезбедија и лаеја на се што е кола во близина. Сцена како на филм.

Виде не виде човекот, сам си се помачи и се качи на тротоар.

Ееее мои луѓенца, каде ви исчезна добрината, човечноста, поладни во срцето од времето надвор, да паднеш на улица нема човек да ти помогне! Ужас!

Фејсбук статус на Мартин Дувњак

Посетено 945 пати