Сами сме си криви, Додека се акавме по ЗЗ-Топ, МНТ, Аксерај, Мондријани, Чаршија, итн..

Мондриан, 90-ти
Мондриан, 90-ти

Сами сме си криви,
Додека се акавме по ЗЗ-Топ, МНТ, Аксерај, Мондријани, Чаршија, итн.. додека расневме на Дорси, Хендрикси, Боуви, Клеш, Дилан. Па од домашниве ЕКВ, Пекиншки Патки, Мизар, итн… Се палевме на рушењето на Берлинскиот ѕид со Роџер Вотерс. Се кур*евме кој читал “Ми деца колодвора Зу”, или Милан Оклопчиќ “КА Блуз”, малце Хесе… Фуравме стајлинг кој покажуваше дека постои и друг свет, свет што сакаме да го донесеме, нешто као сакавме да ги описмениме, европеизираме На нив им бевме недостапни, немразеа, и сеуште немразат. Не им отстапивме ниту педа од урбаниот живот, ЗГРЕШИВМЕ.

Не им оставивме друг простор освен политичкиот, и тука се пронајдоа, тука се остварија. Сега тие шо си раснеа по дома облечени со гардероба од “Наше Дете”(бела кошула и тегет пантолона, кошулата у панталона) чорапчиња и гаќички од “Црвена Ѕвезда” земени на попуст бидејќи комшиката е на тезга, некој пофраер и со “Монтка” јако дирнути од стиховите на “Црвена Јабука”и Митар Мириќ, среќно оженети со првата на која налетале на журките во студентски дом, фатена на балада од “Шкорпионс”(нели носат нешто рокерско во нив), и да не набрајам. Сега тие се нашата политика, од која НИЕ “Фраерите”очекуваме веќе 30 години таа политика да не доближи до Лондон, Берлин, Амстердам(ах тој Амстердам).

ПА ДАЈТЕ ДА НЕ СЕ ЗАЕБАВАМЕ, ние сме “КУД Идијоти”. Едвај чекам петок да си гледам “Новиот Папа” На девојка ми не и се допаѓа таа серија. Највероватно дека не го гледала “Младиот Папа” Ал на “Фарго” одлепуваме и двајцата.

Посетено 35.021 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!