Нема младост, нема радост. Младоста и радоста живеат некаде во странство


Поминуваш на пазарен ден низ чаршија и гледаш само пензионери. Најверојтно и градот вклучително и државата ни е таква. Стари, застоени, немоќни, закочени и како старо палто одамна неизвадено од шифоњер, мирисаме на нафталин. Ни на улица ништо паднато не можиш да најдиш. Сите ветви и задумани не остана на луѓето ништо ни од џеб да им падни и да загубат. Освен себеси, можеби.

Нема младост, нема радост. Младоста и радоста живеат некаде во странство. Тоа е дневниот живот во Прилеп, а ноќниот живот од што е јак, мерак да ти е сам да си туриш нешто во пијачката.

Цветанка Оклеска Кимоска 

Посетено 1.251 пати