Кога годините не се веќе само бројка… – Љупчо Љупа Ангелов
Драги пријатели,
Толку многу искрени честитки со најубави можни желби мора да е на арно и многу ви благодарам! Така некако и ми почна годинава, малку напорно, ама многу убаво…
Да не се лажеме, годините не се повеќе само бројка. Можеби беа до пред некоја година, но повеќе не е така. И, тоа како ја чувствувам секоја од нив. Физички не сум истиот, многу работи не ги правам со таква леснотија како порано, а Богами, сè повеќе помеѓу „акција“ и одмор, го избирам ова второво Не дека така сакам, ама тоа е. Добрата страна е дека сите тие години ме направија поцврст, постабилен, помудар…
Многу добро знам што ми е важно во животот, па така и ја фокусирам енергијата. Не можам повеќе да си го дозволам тој луксуз да ја трошам на небитни работи и луѓе. А, за оние вистинските секогаш ќе ја има во огромни количини. Секако, сите вие сте дел од нив и се надевам дека ќе остане така.
Мојата роденденска желба е уште долго да се дружиме и споделуваме радост, човечност и љубов Само ние го можеме тоа!
Имам уште една, ама таа не ви ја кажувам 😊
Живели! 🥂
Фејсбук статус: Љупчо Љупа Ангелов