Ду-ју хев а тајм фор риал Скопје традишинл брекфст, ајм тхе менаџер. Ме буљи десет секунди…и вика ЈЕС

Кога бев признат скопски хотел менаџер, секое сабајле рутина ми беше да ја проверувам “шведската маса”. Прво ги кревав пржените кришки едно 10/20 сантиметри од посудата и чекав дал од нив ќе капнат 7 до 8 капки зејтин шо е услов за квалитет. После се концентрирав на “јајцата на око” дал се доволно ладни, со модра жолчка, собрани во оквир од 2цм.и нормално дал се прописно узејтинети. Паштетата мораше да биде јетрена од седумденари, а џусот го викавме крстен (50% џус, 50% дотуравме вода) и така јас си ја терам профи работата со пуна уста кашкавал “ајдамер” од 145ден. кило. Коа се вртам на маса седнат еден веома висок функционер од една банка која не би ја откривал, ал е светска банка. Типов си појадува(шо би рекла девојка ми) инаку доручкува, доручкува: банана малку зацрнета странично и чоколаден вочен пудинг од 11 денари на попуст. Го глеам и му викам : Сир хауарју? Тој мене со згужвана фаца ми одговара: фајн тхенк ју. Го глеам и му викам: Ду-ју хев а тајм фор риал Скопје традишинл брекфст, ајм тхе менаџер. Ме буљи десет секунди…и вика ЈЕС.

Го бапнав у ауто и правец “Дојрана” Седнуеме и нарачувам две мастики, шопска, две чкембе чорби, док се чека чорбата бувнавме уште по две мастики и типов видно се опушти, ја тргна краватата и почна да ми расправља како тој всушност бил некогаш панкер. Стига чорбата, фраерот буљи у неа и се чуди, ал се охрабри(нели традиционален,па да не ме навреди) ја искрка цела чорба, гледа у саат и вика: ви хев ту го, бувнавме уше по една мастика на нога, правац у кола и го носам накај влада. И у кола ми вика: “ВХАТ А БЈУТИФУЛ ЛАЈФ”!! Јас му одговарам…па нормално “бјутифул” како курац ќе ти биде бјутифул лајфот со скапана банана и вочен јогурт од 11 денари со скоро изминат рок. После се прибирам дома и глеам на вести и слушам: банката после две години одобрила кредит на Македонија за развој на малите бизниси. Тако да омладинци тој кредит си го препишувам као моја заслуга кон Македонија не на нашите ни политичари. Утредента јас пак у редовна хотелска процедура а тој со очи широко отворени кон мене ко да сум Никол Кидман. Ал морав да се посветам на хотелска кариера. ЈБГ.

Александар Коневски

Посетено 1.398 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!