Домашно васпитање

kuce i patika_majkatiitatkoti

Излегувам од купатило, тазе бањат, бричен,
ма лепота една, огледалото се стопи од милина
што ме гледаше ама го гледам моево куче
некоја беља прави
„Куче, зошто ми мочаш во патиката?“ – му спискав
„па зафатено беше вц-то, ти 2 саати се пицкаш“
-мртво ладно одговори
„па нормално, имам прв состанок со една девојка,
него кај ми е другата патика?“
„Ја изедов“
„Ти лудо куче ли си, па само тие патики ги имам,
што да правам сега, кај да ја носам?
„Паа однеси ја во џамија“
„Во џамија на состанок?“
„Па да, таму нели боси влегуваат“
„Ааа готов си,
утре те носам на крилолог да ти ги исече крилата,
пак ќе бидеш обично куче на 4 тркала, мислам 4 нозе
„ааа како да не“ – и рипна на балконот а пред да одлета
само додаде – „него имаш уште еден пар патики,
оној кај што чуваш саксиии со кактусчиња
Да беее, стварно, не ми текна…. ги извадив кактусите, ги светнав
колку што е можно патиките и отидов на состанок
„И така викаш… куче со крилја, патики со кактуси- сумњичаво мрчи
девојката кога и’ објаснив зошто ми се канта патиките
„Да ма, еве ја носам онаа патика во џеб,
уште мириса на мочка“ – пробам да ја уверам
„Бегај бе, тргни ја од маса… знаеш што,
ај ќе идам до вц ти почекај ме“
И веќе 8 дена ја нема
Се мислев да влезам во вц да видам
нешто да не и’ се слошило,
ама не иде мушко да влегува во женско вц
па јас сум еден фино воспитан дечко

Посетено 1.671 пати