Ти скокаш, јас скокам! Сигурно се прашувате што сака насловот да ви каже, нели?

ti-skokas-jas-skokam-1

“Ти скокаш, јас скокам” е една од безвременските реченици во филмот Титаник кои не инспирира да ги извадеме сите останати реченици од кои може да извлечеме секс поука.

Прочитајте ги и уверете се дека во суштина филмот крие многу совети и тајни кои може да ги искористите за да го зачините вашиот сексуален живот.

Нацртај ме како една од твоите француски девојки

Сигурно се сеќавате на реченицата на Кејт која тотално го излуди Џек. Искористете ја истата и позирајте гола за вашиот партнер.

Иако можеби не знае да слика, сигурно ќе знае како да направи неколку фотографии со дигиталниот апарат кои ќе ја зголемат вашата желба за секс во истиот момент.

Имајте секс во кола

Познатата сцена од филмот во старата кола на бродот е доволен фетиш за сите кои сакаат секс на брзина во мал простор.

Возбудливо искуство кое мора да се проба, а хаубата како втора опција не е исклучок.

Не барајте ништо за возврат во кревет

Задоволувајте го вашиот партнер до максимум, но не очекувајте ништо за возврат. Можеби ќе се изненадите од фидбекот, како Џек.

Најдете го срцето на океанот

Или подобро кажано, вашата г- точка. Пронајдете ја и фрлете ја мрежата за ловење риби.

На бродот од вашите соништа

Имате брод или јахта? Супер! Доколку немате резервирајте барем на една вечер. Имајте секс на палубата под ведро небо, слушајќи го звукот на брановите. Тоа ќе биде ноќ која никогаш нема да ја заборавите.

Одглумете ја познатата сцена на Титаник

Сигурно се сеќавате на најпознатата сцена во филмот. Кејт се потпира на оградата од бродот, а Џек позади неа ја гушка и така се бакнуваат.

Искористете ја оваа сцена во замена за секс поза која сигурно ќе ве возбуди.

Ти скокаш, јас скокам!

Најпознатата реченица на Џек која ги освои срцата на сите девојки. Романтично, нели?

Во овој случај се препорачува реченицата да се практикува во сексот.

Посетено 414 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!