Тамо кај што ја остави својата душа…

Нивната љубов се будеше со првите сончеви зраци, чиниш заспала пред вековите и сега тивкото пролетно ветре ја буди… Заспана убавица со виножито во косите и убиствен поглед кој радознало шара низ мислите. Го интересира таа скриена убавина, и тек на мисли во кој ги сложува коцките на секојдневието… Радознало мало дете скриено во тело на човек кој зрее со годините и цврсто чекори напред, го сопнува сомнеж и делче од половина… Тамо кај што ја остави својата душа… Ги реди мислите, но тие упорно бегаат на другата страна, ветени се… Се мршти по илјада и еден пат на својата кревкост, кога дамарите попуштаат, но срцето упорно ја бара неа… Со разбушавена коса и пижама, во која расте детето со невин поглед, заразна насмевка, детето со илјада мечти и соништа… Проклетство!.. Знаеше дека е заробен до вечноста… Но тамо живееше љубовта… Неговиот воздух, сонце и месечина…

Оливера Ш.

Посетено 219 пати