Сладолед И Паштета

svince_zoki_panker
„Зуоки, Зуоки ај купи ми сладолед“
– ме мољака внука ми
„малецка си ма, не ме заебавај
немаш ни 2 години“
„не е точно, имам скоро 2 и пол“
„колку е тоа скоро?“
„па за 8 месеци ќе имам 2 и пол.. ама што има врска..
ај те молам купи ми сладолед ако ме сакаш.. “
„уфф, како да те одбијам ….добро, каков сакаш?“
„од лимон “
„а не, немој лимон, знаеш зошто има жолта боја?“
„не , зошто?“
„затоа што мочаат во него“
„ај тогаш од чоколадо“
„а никако , го прават од … нејќеш да знаеш
а да ти купам од јагода?“
„нееее, не може“
„зошто не ?…баш е убав ..црвен“
„срам ми е да ти кажам ….тој да не го прават
од цедени искористени улошки?“
„од кај знаеш ма ти што се улошки, мала си за такви работи?“
„сум гледала во филмови, порничи ги викате
вие постарите“
„.добро…знаеш што..ај ќе ти купам паштета“
„паштета?.. што е тоа?“
„не си јадела никогаш?“
„не“
„тоа ти е како сладолед, само не е ладна за да не те фати грлото
и се прави од животни…така некако“
И купив и излижа една паштета
И купив уште една, па уште една
И се уарни, изеде скоро 30 паштети
Ама некако девојчево почна да се менува,
и’ порасна опавче, муцката и се издолжи,
почна да грофка и да ја бута главата
во секое парче кал што го видовме
Малку по малку внукава моја се претвори во свињче !!!
Ама убаво свињче морам да признам.. го има мојот ген,
не е заебанција!
Влегов во Пет-Шоп и и’ купив најубавото
розево фустанче за свињи што го најдов..италијанско
со циркони по рабовите.. милина да те фати
Само нешто ме копка.. треба до вечер
да ја вратам дома … да не се налути
сестра ми што наместо девојче и’ враќам свињче ?
Не би требало, не е ситничар ама…..
Посетено 1.163 пати