Сите копнееме за слобода, ама знаеме ли колку чини таа?

Вчера сите ги прочитавме вестите за новите заболени, однесувањето на „боемите“, односно докажавме на лице место како е да се си „пуштен од ланец“.

Но што е слободата по која копнееме и колку чини таа?

Зарем мислевте дека слободата е толку евтина и толку брзо се стекнува? Зарем мислевте дека слободата е да се оди на кафе, на ручек и да тресете стомаци на маса? Не. Тоа не е слободата.

Ве разбирам сите, многу добро, особено вас екстровертите кои едвај чекате да испиете кафе со пријателите. Но, кој е тој порив да беснеете по кафани? Ах да, поривот на балканштината.

Слободата не е бесплатна и се заработува. А, најчесто се наоѓа во душата. Вие не сте затворени меѓу четири ѕида, вие не сте боемштини… вие се затворени во сопствената душевна агонија. Вие не можевте два месеци да издржите со саканите деца, сопружици и родители… ви фалеа пријателите, а под нив трачевите и претерувањето.

Сите имаме пријатели, некој повеќе, друг помалку… и сите имаме некој кој не сме го виделе овие два месеци. Избравме да истрпиме и родендени и празници. Избравме да останеме дома кога душата ни беше жедна за прегратка, избравме да се дистанцираме кога и да наидовме случајно на некого. Избравме.

Вчера слушнав навреди за нас глупавите. Подобро ќе заболеле од корона, отколку дома да седеле како нас. На најдушманот не би му посакала да заболи од овој вирус, за кој многумина сметаат дека е лесен и дека ќе го прележат како од шала. Свесни сме дека имунитетот на плуќата ни е уништен од загадувањето, нели? Дека голтаме смог со години наназад, дека попуштивме на сите апели да се воздржиме од возење автомобили и палење гуми, особено ова последното. Ни гигантите не останаа рамнодушни.

Слобода е луѓе мои, да можеш да се изразиш како сакаш и кога сакаш. Слобода е да бидеш ТИ без да бидеш осуден. Слобода е да не бидеш по шаблонот кој некој го нацртал. Слобода е да дишеш со полни гради. Слобода е да слушаш музика каква што ти сакаш. Слобода е да не слушаш навреди и клевети. Слобода е да имаш душа.

Под душа разбирам: да имаш свои верувања и убедувања, свој интегритет и сопствени правила.

А, да бидеме искрени сите за да дојдеме до оваа точка сме платиле доста скапа цена и се уште ја плаќаме. А да бидеме она што сме, сме поминале многу за да ја заслужиме.

Додуша, повеќето се затвореници.

Па, колку чини вашата слобода?

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 723 пати