Секој ден
[fblike]Секој ден во годината е нечиј
роденден или парастос.
Годишнина од свадба и од масакр,
од првата средба со љубената
и од катастрофален земјотрес.
Љубилеен или крвав, ден за
одбележување или одложување,
за парада или за црнина.
Годишнина од Дарвиновата теорија
или од освојување туѓа територија,
од независноста на Македонија
и од бомбардирањето на Герника,
од линчување деспоти, тирани,
и од ослободување од пранги,
од првата песна на Битлси
и од убиството на Џон Ленон.
Секој ден има свој верски прекар,
и секој ден е светски ден на нешто.
А ги има 365 денови во годината.
И секој ден е убав, неповторлив –
oсобено кога го минувам со тебе.
Мене секој ден ми е светски
ден на тебе.
Посетено 374 пати