Не бркај титули, титулите ги нема. Денес си херој, утре си прашина… но, можеш да бидеш инспирација

Инспирација е секој оној кој се излечил од „неизлечлива“ болест…
кој го победил туморот, кој го победил ракот.

Инспирација е мајката која ги чува децата, а притоа целата куќа ѝ блеска…
која пере, чисти, мие и притоа насмевката е секогаш на нејзиното лице.

Инспирација е таткото кој снагата ја остава работејќи,
а дома се враќа насмеан со цвеќе и топло лепче.

Инспирација е медицинската сестра, продавачката, аптекарката…
инспирација е и хигиеничарката, помошничката, бебиситарката.

Инспирација е детето кое учи и се труди без разлика на оценките кои ги реди.
Инспирација е детето кое црта насмевки на родителите свои.

Инспирација е секој еден од нас.
Биди инспирација секој ден на свој посебен начин.

Не бркај титули, титулите ги нема.
Денес си херој, утре си прашина.

Не можеш да бидеш најдобар,
но секој ден имаш прилика да бидеш најдобра верзија од себе.

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 719 пати