Најнова миженка – Јовица Ивановски
Само еден гледа –
не се крие но одбројува.
Сите други мижат
и не знаат каде да се сокријат.
Си ги маваат главите од ѕидови,
се удираат едни од други,
се губат, паѓаат во дупки
но очите не ги отвораат.
Пу за мене, пу за сите! –
вели оној што гледа сè
и се гази од смеење.
Посетено 359 пати