Луѓето ќе ти речат дека си променет, кога ќе престанеш да ги слушаш!
Сфатив дека денес најубаво е да си глув.
Не знам зошто порано не оглувев кога ги слушав коментарите, правилата и советите од другите кои секогаш беа подобри од оние моите.
Сега се прашувам зарем ЈАС не знам што е најдобро за мене, а што не е добро?
Доколку се препознавате во ова луѓето и вас ве манипулирале на ваков начин или ве сметале за многу добри или за ретардирани, макар што денес не ја воочуваат разликата помеѓу овие два поими.
Често оној добриот кој слуша од почит е оној ретардираниот кого сите го искористуваат.
Ова го сфатив пред неколку години, откако ги поминав најубавите тинејџерски години заробена во предрасуди, озборувања, совети, тапкања по грб кои најчесто ме туркаа кон дното, неискрени пријатели, лажни познаници, уште полажни знаници…
Но, ете еден ден како гром од ведро небо оглувев…
За нивна жал и моја среќа, јас повеќе не ги слушав, ги елиминирав сите кои инстинктот ми кажуваше дека треба да бидат елиминирани, а инстинктот никогаш не лаже.
Животот ми стана полесен, поубав, мој!
Знаете некои луѓе се како облаци, кога ќе се тргнат излегува сонцето, или кога ќе ги дувне ветер, во овој случај јас бев ветерот.
За да не биде така накурчено и нападно, ги одебвав полека, но сигурно секој ден се подалеку.
Знаете ли што слушнав позади грб?
Дека сум се променила!
Тогаш сфатив дека луѓето ќе ти речат дека си променил, кога ќе престанеш да ги слушаш, луѓето ќе те мразат тогаш кога ќе сфатат дека не ги ебаш ни 2% повеќе, бидејќи едноставно ти се здосадило од нивното ебење во твојот здрав мозок, па сега сакаш да одмориш малку.
А тебе и баш ќе ти биде гајле дали ќе те мразат или не…