Кога го убивате невиното, мислите ли тогаш на најмилото?
Рекле старите дека во животот постои нешто што ти враќа за направеното злодело кога-тогаш, и секогаш удира каде ако не во најмилото. Можеби не го знаеле вистинскиот термин, но како и да е се работи за карма. Да, точно. Старата кучка која кога враќа – враќа со камата.
Па, се пазеле колку-толку да не прават зло, да не патат наредните поколенија од проклетство. Но, како и да е, секогаш постоеле луѓе кои тоа го занемарувле, живееле од денес за утре. Ќе речеш прости и необразовани, неуки, лаици…
Нејсе. Што правиме за во сегашноста? Кога сите сме образовани, академски граѓани, родители на академски граѓани, во допир со интернетот – прозорецот кон светот? Што? Заборавате ли дека треба пред се, ако ништо друго, да бидеме луѓе? Убивате животни, ги храните вашите психопатски нагони, се правдате дека така ги штитите децата… Не, ќе им наштетите! Постои клетва, постои карма… А, кучката ќе удри баш таму кај што највише боли.
Ставете си на ум дека не можете толку да убиете, колку што може сами себе еден ден доживотно да се осакатите. Ќе бидете ли полни себе кога ќе ве стрефи нешто не дај боже? Но, нема директно вас, туку она за кое цел живот највеќе се тресете.
Не повикувам на бунт, на клетви и други за мене нецивилизирани работи. Стојам зад правата на животните, стојам зад правдата. И ова не е цел на повикување на говор на омраза, туку да ве потсетам дека треба да внимавате што правите.
Поставате стапици, опасни и за деца и возрасни. Не оди така тоа, пријатели. Ја мразите сопствената држава со ова што го правите. Македонија стана опасна за живеење, и сред бел ден.
Каде ќе ви оди душата, бе проклетници?