Исповедите на еден Психотичен Ум – втор дел
„И што сега ќе си ќутиме?“ – праша Антонија.
„Не ми се збори денес, депресивен сум.“ – одговори Симон.
„Депресијата е само потиснат бес. На кого си бесен?“
„На себе. На другите. На сите!“
„Зошто?“
„Затоа што почнувам да губам верба во човечкиот род. Зошто полека се претвораме во глупине и емоционално ретардирани западњаци. Вредностите ни се сведуваат на нула, искреноста се намалува на сметка на лагата дека сме искрени и отворени, влагаме во филмови, душевно умираме.“
„Премногу си ми општ. Што точно те иритира?“
„Ти си современа девојка, начитана и во тек со ствари. Ајде да ти дадам современ пример. Може?“
„Може.“
„Си гледала ли ‘Сексот и градот’?“
„Сум гледала.“
„Со која цура би се поистоветила од таа серија?“
„Со никоја. Многу ми се неизреализирани. Барем на љубовен план ако ништо друго.“
„Блазе си му на маж ти со ваква жена. Свака част, ти си жениште, ем професионалец, си го знаеш муабетот. Како и да е, во денешно време жениве, особено кај нас, влагаат во филм дека се пички како Саманта. Демек врски повеќе не ги интересираат, емоции уште помалку, љубов пак ич да не зборам. Сите сакаат шеми, некој да ги тинтри и шета, да им организира све, да им посветува внимание, а они на крај да не се замараат. Све е тоа супер, само има една финта.“
„Која?“
„Епа ликот на таа слободната Саманта, пичката која се рока кај ќе стигне, прави ексцеси и живее живот без да ја заболи пична жила за кој било маж, е лик кој е, ако ништо друго, професионално изреализиран. Во едно западно општество каде што човек, или жена, гази преку други за да добие пет минути да се покаже што знае и потоа да може да си го посвети цело свое слободно време на кариерен развој, време за љубов – нема! Значи тие жени се посветени на кариера. Стресот од водење на цели индустрии кои потенцијално го обликуваат изгледот на денешниот свет е толку голем што немаат баш време да се ебаваат со туѓи глупости и на крајот од денот нив само им треба секс без обврски и ништо повеќе.“
„Добро, на што целиш со муабетов?“
„Епа, пичка му матер, каде живееме ние?“
„Во Македонија.“
„Аха. И колку жени во Македонија има толкава одговорност на нивните плеќи?“
„Што знам. Сигурно не многу.“
„И ајде сега ти објасни ми како тоа пола град глуми Саманта, а кариерните аспирации, и следствено на тоа и можности, им се како да споредуваш втора лига во фудбал во Македонија со Премиер лига во Англија? Која црна кариера ја развиваат они? Кое достигнување го имаат они во животот за да можат да си дозволат таков препич?“
„Можеби не гледаат така на работите. Можеби едноставно сакаат да се заштитат.“
„Од што? Од природата на нештата? Од нормалниот тек на работите во развивањето на една човечка врска помеѓу двајца возрасни?“
„Ти што мислиш?“
„Јас повеќе нема што да мислам. Претпоставките се извор на сите пиздарии. Не сакам повеќе да мислам. Сакам искреност што боли. Сакам да дојде некоја и да ми го плесне така јако у фаца што има три дена да имам трауми. Не сакам да има недоречености. И сакам кога тоа ќе се деси, таа личност да си стои на тоа што го кажала, а ако евентуално поради икс причини, нешто се смени, сакам да бидам известен за таа промена на време. Да не биде после од играчка плачка. Пошто како што жените знаат да се понашаат како ванаби Саманти, можам и ја да се понашам како ванаби Хенк Муди…“
„Хенк Муди?“
„Си гледала ‘Калишорникејшн’?“
„Не.“
„Да гледаш.“
„Важи.“
„Што ќе се случи, и хумано ли е ако на цура со која само што си имал секс и речеш ‘Облакај гаќите и шибај, за 20 минути очекувам друга да дојде’?“
„Тоа би било прилично лошо од твоја страна.“
„Така е. Но очигледно на моменти тоа треба за да бидеш интересен и да го задржиш вниманието на Самантиве. Пошто кај нив моментот е дека они се тие што палат и гасат. Они откачуваат, а ти си муле. Нив никој не може да ги откачи.“
„Звучи многу детски.“
„Па детски е. И мизерно е. Ама тоа е реалноста. Зошто, ако веќе со некоја цура ми иде сексот и ми е доволно тоа, би одел и би се гледал и со други? Зошто би се замарал и дополнително би ги комплицирал работите? Зошто би се криеле од светот?“
„Повторно бараш одговори онаму каде што нема да ги добиеш. Одговорот го знаеш сам, но упорно се обидуваш да го игнорираш.“
„Не ја знам причината зошто упорно се трудам таму каде што нема леб. Кажи ми и да почнам да работам на себе.“
„Мора тоа да дојде од тебе. Мора ти да си дојдеш сам до одговорот. Само така ќе можеш здраво да продолжиш понатаму и да најдеш некој кој одговара на човек со твоите потреби.“
„Пичка му матер, тешко ми е да признам, ама во право си. Јебеш га, изгледа уште е рано, се’ уште не сме дошле до вистинскиот проблем закопан под морево на дешифрирање на женските размислувања и исконската желба за секс како мачор во февруари.“
Пак збеснав. Се вадам на карактер. Избувлив сум. Срцка. Убаво е кога си избувлив. Многу подобро отколку да потиснуваш во себе. Потиснував така, троа подолго време. Завршив у епска пиздарија, па на суд, па на задолжителна психотерапија.
Комплицирано. Од влакно слон. Ја сум крив. Ја дозволувам. Старите викаат добар – будала. Старите се стари со причина. Долго време трошеле кислород на земјава па знаат по нешто. Слушај ги старите будало, го јаделе немиен едно сто пати до сега. Попаметните од нив знаат дека се’ на светов е едноставно и само будала човек непотребно комплицира работи.
Страв од реперкусии. Последиците од нашето несовесно битисување на земјава. Со Тања не зборам веќе. Нема поента. Го затворив тоа поглавје од животот. Си најдов повод, го искористив, си добив душевен мир, се разделивме најчовечки на свет. Со почит и убав спомен од се’ што се случи меѓу нас. Без разлика што е луда кучка и што животот ми го скрати за дваесет години. И јас бев дебил ретардиран, па што.
Сега доаѓам во ситуација во која се немам најдено едно девет-десет години. Дури сум заборавил што значи да те напаѓа некој на база на грижа на совест. Да те става во ситуација да се осеќаш ко гомно само затоа што таа личност нешто сака, а ти апла нејќеш. Пичка му матер ко да не те знаат луѓево што гомно си. Ко да не се гледа од авион кога си напален ко гојдо и кога ловиш. Ама не, ти биди си слободно глупав и трпи, и после ќе се чудиш кога со твојата „добрина“ ќе направиш каталјарда пиздарии повеќе. Биди кретен и постави ѕид. Повреди малку, за да не го јадат сите групно после.
Ти текнува на Украинчето? Пред две лета? Авион цура. Ја виде како игра на журката и одма се залепи за неа како мува на лајно. Муабет, малку флерт и одма крвта ти зовре. Не беше доволно опуштен, ама ок, џапна две вискија, еден шот те частеа, една од нејзината група те викна на малку сканкче. Веќе беше проектил небо-земја.
Тие тебе културно, фала на дружба идеме на ноќно пливање, ти ко што те дал Господ им викаш чао на друштвото твое и оп по нив во вода. Десет саат навечер. Тие ти вриштат да седиш мирен, ќе се удавиш пијан во вода. Ти нив, кој ве ебе бе. Ете за тоа пишувај денес. Ок бе!
Тргнав по неа. Пет жени се. Следи ја плавата. Чек да извадам шорцевите. Кај киднаа сега? А, ене ги. Во вода се веќе. Ту бре, ама е темно јебо те. Ене плавуша, гарант е она. Влагај у у вода одма. Ладно е, ама не е важно. Не се секирај, не те напаѓам, тука сум да те спасам од бранови. Ха, бран ја удри стварно. Чекај она ли е бе? Да бе она е ваљда. Тие се цртите.
Ја пољубив. И ете го очекуваниот монолог, ама ја не сум таква. Тибам лошиот англиски и лошата среќа. Чим Украинка ти го прави муабетов ја не сум таква, иди убиј се одма. Пак ја пољубив. Оп, камен. Се насмевна. Заеби го муабетот иди до крај. Ојдоа купачите. Не иде вака од брановите, ај на плажа. Ветров ми еба ерекција, ама цурава си го знае занаетот. Фелацио на ниво. Си се качи. Ене ја Ирена ме бара мисли сум се удавил. За пет минути идам. Ме виде со Украинкава врз мене. Кидна у паника. Сеир.
Оваа јава ли јава. Нели рече дека деветнаесет има бе. Машала искуство на тие години, ептен е про. Чекај сега малку да стапам јас на сцена. Аман бе, све ми пројде кај оваа. Ај од прва у втора брзина. Не се буни. Како бе оваа деветнаесет? Бреј што затуцани ќе беа нашиве. Немам веќе енергија. Оваа Господ во гаќи го виде, ја не можам да свршам. Доста било, ја болело више. Епа браво за мене што се начукав до толку, сега ќе патам од блу болс ко дебил.
Ај да се качиме горе, сто саати не’ чекаат сите. Леле масовен сеир од двата табора. Што? Ау, почнав да халуцинирам јас бе. Еве ја цурава пред мене се држи за лице. Чекај, ако е она таа што ја бркав, тогаш со кого имав секс јас бре? Крева глава и вика нешто кое завршува со мами! МАМИ? Леле еве ги една до друга! Црни Симоне како успеа мајка и’ да ја плеснеш!
(продолжува ТУКА)
Извор | Fail.mk
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум
[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]
Посетено 1.680 пати