Дождовите во април
дождот се жали на прозорецот…
една рака далеку од мене е
и мислата тежи врз блузот што се слуша…
бавно навлегувааш во скриениот дом
и моите срамежливи ноти
затреперуваат пред твоето тропање.
непознати вселени влегуваат
во мојата соба
и некои миризливи времиња
ме посетуваат.
му се враќам на утрово кое веќе поверува
дека ме нема
и немам мир од ангелот
во левиот ќош, кај таванот
(те сакам)
[youtube height=”” width=”320″]https://www.youtube.com/watch?v=4Ny5ajCn0xw&feature=kp[/youtube]
Посетено 441 пати