Девојката без кичма
-Сакаш да идеме на море? – ја прашувам
-А не, не идам на море
-а во Охрид?
-Не, ни таму
-Да не’ не знаеш да пливаш?
-Знам бе, ама не ми се плива
-Е добро, само сунчај се
-Тоа никако
-Аман што женска ќе беше?
Аха знам, сигурно се срамиш од своето тело,
зато и никогаш не се соблекуваш цела
кога имаме секс
-Сега ќе ти покажам, ама на никој да не кажеш!!!
-Нема, знаеш не сум таков.
Ја соблекува блузата и останувам
со ококорени очи и без текст.
Од куковите до цицките нема ништо.
нема стомак и внатрешни органи,
нема кичма
Има само еден голем федер,
федер што ги спојува градите со нозете
Ја гледам не знам што да кажам?!
-Се чудиш нели?
Потврдно климнувам со глава
-Е па овака, порано пред сите виткав кичма,
на работа, во партија, пред дечковците
и еден ден останав свиткана, не можев да се исправам
Отидов на лекар, ми ја извадија
и ми го намонтираа федеров
Сега можат да ме виткаат колку сакаат
и пак се исправувам
-Добро, а не ти беше поедноставно
да кажеш „НЕ“ или „преку к.. ми е од тебе, од вас..“
-Знаеш дека не ми текнало
-како ма не ти текнало?
-така не…и сега?..ќе ми раскинеш?
-Нема, може само да го намотам федеров
со нешто меко, да не се повредам додека се ебеме
-Сакаш стварно?… не ти се гади од мене?
-Не, баш си федерастично секси
Иначе баш е интересно да имаш секс со федер-женска
ама брзо ми раскина, се фати со еден тип без карактер
Ако, мислам дека си одговараат
И како што и’ ветив никому не кажав,
само напишав на ФБ